ЗАВРШИ ПРОТЕСТОТ ПРЕД СОБРАНИЕ: Преку 20.000 граѓани протестираа против промена на името, испратија жестоки пораки – протестите продолжуваат секој ден!

  • June 13, 2018

Предмалку заврши протестот пред Собранието на Р.Македонија на кој повика навивачката група „Комити“, а на кој се приклучија и сите останати поголеми навивачки групи од земјава, како и голем број на граѓани

Од протестот беа испратени силни пораки до владејачкото мнозинство, со барање да не одат наспроти волјата на народот, бидејќи ќе предизвикаат ескалација на ситуацијата во државата, и побараа веднаш да се анулира договореното по телефон помеѓу Заев и Ципрас. Ветија дека ќе протестираат се до укинување на договорот и повлекување на одлуката за референдум!

Демонстрантите дадоа силна поддршка за претседателот Ѓорѓе Иванов и му порачаа дека секогаш ќе бидат тука заедно со него, во добро и во лошо.

Побараа „бесилка за Заев“, нарекувајќи го предавник него и неговата „тајфа“.

Говорниците потенцираа дека на протестот биле собрани луѓе од сите партии, сите навивачки групи и сите краеви на државата, барајќи никој да не ги асоцира со било која политичка опција.

Протестите ќе продолжат секој ден во 20.00 часот пред Собранието на Р.Македонија!

Претходно «
Следно »