ЗАВРШИ ЈАВНАТА РАСПРАВА ВО АПЕЛАЦИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ ,,ТРИСТА“ И ,,ТРЕВНИК“: Во судот се појавија Латас и Ивона Талевска

  • July 13, 2017
  • Коментари

Пред Kривичен совет во Скопска апелација се најде и жалбата на СЈО за неопределениот притвор за уредникот во Сител ТВ, Драган Павловиќ Латас. Во предметот Тотал, Латас се товари за даночно затајување. СЈО бараше притвор, Kривичен совет во скопска единица го одби и определи мерки на претпазливост, односно му го одзеде пасошот и доби обврска еднаш неделно да се јавува во суд.

Во образложението од Првостепениот суд навел дека во оваа фаза постои потреба од определување мерки за присуство но поблаги. Обвинетиот е со познат идентитет, семејството му е во земјава и тука тој работи, предложениот притвор е неоснован, опасноста од бегство ќе се елиминира и со мерки на претпазливост.

Но, бидејќи често патува во странство, присуство ќе се обезбеди со одземање на пасошот. Но, на изречената мерка се жали и Латас, кого го застапуваат исто така адвокатките Светлана Савиќ и Анета Бегова. Често патувал надвор од земјата поради работа, но до сега не ја одолговлекол постапката. Се одзвал на секој повик на СЈО, тврдат тие.

Тежината на кривичното дело кое му се става на товар, неговата одбрана ја увидело денес кога и го добиле обвинението. Бараат преиначување на решението од првостепениот суд, и да се одбие барањето за притвор на СЈО. Од СЈО остануваат на барањето на определување на притвор. Сметаат дека предлогот за притвор е издржан. СЈО се сомнева дека Латас ќе продолжи со криминални активности, па токму затоа ја бараат оваа мерка, но и сметаат дека постои опасност од бегство.

Судот само го згрешил видот на мерката која му ја определил иако увидел дека постои опасност од бегство и продолжување на криминалните активности, рече обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски.

Имотната состојба и однесувањето на обвинетиот укажува на неопходноста од изрекување на најострата мерка која ја бараме, а тоа е притвор, додаде Бубевски.

Адвокатката на Латас, Светлана Савиќ изрази сомнеж дека како што тече со големи леснотии се обвинуваат лица. Сè што им побарале од Судот веднаш доставиле, рече таа. Првото обвинение кое му се става на товар се однесува на фирма која е ликвидирана, рече Савиќ.

Таа тврди дека обвинетиот во никој случај нема да се даде во бегство, и не постои опасност од повторување на делото, со оглед на тоа што како што рече едната фирма на Латас е ликвидирана, а за другата се води постапка. Адвокатката Бегова му забележа на СЈО за несериозност. Тврди дека кривичното дело кое му се става на товар е паушално. Латас во своја одбрана рече дека не прифаќа дека заслужил притвор бидејќи соработувал со СЈО во текот на постапката. Рече дека нема имот и сметки во странство, главен уредник е на национален медиум, професор е на еден универзитет и затоа често мора да патува надвор од земјата. Бил единствениот кој заработувал во неговото семејство и ако избега би го довел во прашање неговото опстанување, рече тој. Пасошот ми треба не за одмор, туку за патување за работа, додаде Латас.

,,Професор сум на Европскиот универзитет и на факултет во Србија, каде ако не сум присутен, ќе добијам казна. Осумдесет отсто од приходите во семејството се од мене. Сител не може да најде друг човек кој ќе ги извршува сите обврски што јас ги правам, рече Драган Павловиќ Латас, главен и одговорен уредник на Сител телевизија

Неговата фирма Тотал веќе не остварувала профит бидејќи дел од документите кои се однесуваат на фирмата се појавиле во медиуми, а тие документи ги поседувало дамо СЈО, тврди Латас. Додаде и дека не сака да биде во ист кош со останатите обвинети.

Уредничката Ивона Талевска, пак, на која исто така и е одземен пасошот, во Апелација бараше да и се врати затоа што не може да си ги извршува професионалните обврски без патната исправи и не ќе може да го отплаќа кредитот на станот.

Претходно, помошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски обвинет во случајот „Триста“ рече дека не го сторил кривичното дело и дека само ја прифатил одлуката на Комисијата за јавни набавки за набавката на 300 возила за потребите на МВР. Поповски исто така вели дека не постојат основите за бегство, бидејќи патувал само на одмор и со семејството, а и редовно се јавувал за време на целата постапка пред СЈО.

Според СЈО пак постои опасност од бегство и поради тоа бараат притвор за Поповски.

И Звездан и Срѓан Павловиќ, браќа на Латас, обвинети во случајот „Тревник“за изградени три викенд-куќи во општина Зелениково надвор од пропишаната процедура побараа укинување на мерките на претпазливост.

Според адвокатката, Светлана Савиќ нема основи за мерките јавување во суд и одземање на пасошот. Според неа, во историјата на македонското судство нема ваква мерка за лица кои се обвинети за вакво кривично дело и според адвокатката не постојат елементите на кривичното дело кое им се става на товар а тоа бесправно градење.

Вториот адвокат Анита Бегова рече дека од листингот на МВР може да се види дека обвинетиот Звездан Павловиќ во изминатите 5-6 години два- трипати ја напуштил државата и затоа треба да му биде вратен пасошот.

Според Гаврил Бубевски од СЈО, поднесено е обвинение за бесправно градење.

 

Претходно «
Следно »