ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА: Вилма не ме мрази туку ми љубомори, ама ако нека пукне

Поврзано

(Видео) Боки 13 потврди дека поднел кpивични пpoтив политичари од власта – Единствено ќе ме cпpeчaт доколку ме лишaт од живoт

Со порака дека единствен начин да го спречат е да го убијат, Боки 13 од Шутка потврди дека кривичните...

Синот отстpaнет од АНБ, затоа што таткото протecтирал пpoтив промената на името

Ќерка на поранешен командант на УЧК може да биде вработена во Агенцијата за национална безбедност, а син на човек...

Во Македонија може да биде следен и прислушкуван секој

  Ексклузивно за Инфомакс, во емисијата „Без цензура“ гостуваше Љупчо Палевски модерен македонски дисидент и борец за Македонија. Палевски...

Дека е прљав играч, дека е злобен може да кажам. Орце се заебал, мене не можеше да ме купи. Може некој друг може да го купи, ама мене не можеше – рече Катица Јанева во својот завршен збор пред судот во случајот „Рекет“

„Јас да лежам во притвор, за Орце Камчев. За Орце Камчев јас девет месеци лежам во притвор, за недокажани пари кои наводно ги дал некаде. Каде ги дал? Што ќе беше ако не беа пари, ако беше шеќер. Што ќе шмркаше кокаин?“ – додаде Јанева.

Јанева објасни дека доаѓала од судско семејство и дека имала пари, и други не и требале за да се издржува. Таа сама се издржувала како што објасни.

Заслужувам пофалба и од обвинителската и од судската фела дека за 35% ви е покачена платата, заради мене. Затоа што јас кажав дека на обвинителите им требаат пари за да се борат со криминалот, објаснува Јанева во својот завршен збор, додавајќи дека таа не требало да седи тука (во судница/притвор).

Многумина ја молеле да дојдат и да работат во СЈО, а ја молеле и некои „други личност“ да вработува луѓе во обвинителството кое го водеше, тврди Катица Јанева.

„Обвинителството треба да се води. Не се работи до 4 саатот, па после да брзаш да се напиеш по една ракиичка, салатичка и во кафана. Тие не ги одбрав, не ги одбрав тие што кризираат ако не се напијат по една до 4 попладне.“ – рече Јанева, додавајќи дека „пијаници, нереализирани луѓе кои остареле а не постигнале ништо во животот не ми требаат“ – објасни Катица Јанева, алудирајќи на обвинителката во нејзиниот случај, додека објаснуваше за луѓе кои ја молеле за работно место во СЈО.

Таа додаде дека се срами од судијата во процесот Васка Масевска, бидејќи тројца судии од судечкиот совет во „Рекет“ прифатиле обвинение без да бидат доставени половина од доказите.

„Изеде ме туџа срамота што би рекле Србите. Јас се срамам што сум била дел од ова, од овој систем. Секоја чест судијке“ – рече Јанева.

Таа ги спореше доказите кои ги претставило обвинителството, особено фотографијата на која се гледа Катица Јанева со куп пари.

„Јас на таа слика се гледа јасно дека сум болна. Не играм чучек – срамота!“ – рече Јанева.

Во продолжение на својот завршен збор, таа истакна дека помеѓу нејзе и застапничката на обвинението (Вилма Русковска) не постои анимозитет, туку завист.

„Ама ако, нека пукне!“ – рече Катица Јанева.

Во понатамошното излагање на Јанева таа објасни дека во целост го поддржува вчерашниот исказ на Бојан Јовановски.

Актуелно

(Видео) Боки 13 потврди дека поднел кpивични пpoтив политичари од власта – Единствено ќе ме cпpeчaт доколку ме лишaт од живoт

Со порака дека единствен начин да го спречат е да го убијат, Боки 13 од Шутка потврди дека кривичните...

Во Македонија може да биде следен и прислушкуван секој

  Ексклузивно за Инфомакс, во емисијата „Без цензура“ гостуваше Љупчо Палевски модерен македонски дисидент и борец за Македонија. Палевски е човекот кој ја разоткри...

Заев веќе ги пакува куферите, ВМРО-ДПМНЕ води во речиси сите изборни единици

ВМРО-ДПМНЕ води со 4% пред СДСМ во анкетата спроведена од страна на институтот „Habeas Corpus“, кој разработува прашања од правниот и политички систем. Анкетата на...

Нова аудио бомба за Заев, се договарал со Мијалков и знаел дека Шилегов правел криминал во второстепена комисја за јавни набавки

На социјалната мрежа „ЈуТјуб“ се појавија нови аудио снимки, на кои се слуша гласот на Зоран Заев како разговара со непознат соговорник, а во...

(Аудио) Заев со „лажната“ Грета Тунберг зборува за Макрон, мигрантите, мариxуана

Руските пранкери Вовани Лексус на својот Јутјуб канал го објавија разговорот со лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара...

Повеќе вести