ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ СО СОЛЗИ: Пресудата за „Титаник 2“ на 8 март

Поврзано

- Advertisement -

Со солзи во очите и долги паузи, обвинетата во предметот „Титаник 2“ Анета Стефановска која е екс-член на Државната изборна комисија ги кажа завршните зборови пред Судот. Вели дека уште не и е јасно како СЈО можело да ја об вини и оти како член на Државната изборна комисија, гласала по сопствено убедување и по закон.

„Ова многу влијае на моето здравје и цело време се прашувам зошто сум јас тука? СЈО не ја докажа мојата вина, а самото обвинување влијае на мене и ми ги повредува чувствата, моралните квалитети. Затоа барам ова обвинение да биде отфрлено“, рече обвинетата Стефановска.

Одбраната на обвинетиот Сашо Мијалков, го убедуваше Судот дека тој не можел да влијае врз процесот на одлучување во Државната изборна комисија.

„Како можел Сашо Мијалков преку Мендух Тачи да влијае врз претставникот на ДПА во Државната изборна комисија, Бедредин Ибраими, да се прифати приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за во Струмица кога се од различна партија? За прифаќање или неприфаќање на приговорот не одлучува тој сам, одлучуваат уште шест други членови на комисија“, рече одбраната на Сашо Мијалков.

Во предметот Титаник 2, покрај Мијалков и Стефановска, обвинет е и лидерот на ДПА Мендух Тачи, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими oд ДПА, и Сашо Срцев и Влатко Сајковски од ВМРО-ДПМНЕ. СЈО ги обвинува Сашо Мијалков и Мендух Тачи, дека во договор, преку ДИК незаконски поништиле гласање во Струмица за време на локалните избори во 2013 година. Кривичниот суд на 8 март ќе ја објави пресудата.

Latest News

Отворена нова истpaга пpoтив Гугл поради онлајн рекламирање

Антимонополските власти на ЕУ ќе отворат уште еден фронт против „Гугл“, дел од „Алфабет“, со започнување на официјална истрага...

More Articles Like This