ЗАГАДЕНА Е ВОДАТА ВО СТАЈКОВЦИ И ВО СИНЃЕЛИЌ: Цистерна има, но потребна е и флаширана вода

  • August 7, 2016

На Фејсбук е направена група за хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје. Таму можат да се пријават сите граѓани кои можат да им помогнат на настраданите.

9859849849433-1200x545_c

На жителите на Стајковци итно им е потребна вода за пиење, објавуваат на социјалните мрежи луѓе кои се во Стајковци.

Водата од чешмите е загадена и не смее да се пие.

Од утрово има цистерни кои се поставени на патот меѓу Синѓелиќ и Стајковци, но изгледа тоа не е доволно. Жителите апелираат да им се достави и флаширана вода.

Во моментов, во Синѓелиќ и во Стајковци нема ни струја. Ситуацијата уште е критична.

На Фејсбук е направена група за хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје. Таму можат да се пријават сите граѓани кои можат да им помогнат на настраданите. До сега е утврдена дека се потребни средства за дезинфекција на раце, храна и пелени за бебиња, конзервирана храна, влажни марамици, облека и ќебиња.

УХМР за вечерва најави нови врнежи пороен дожд.

Претходно «
Следно »