ЗАГАДУВАЊЕТО РУШИ РЕКОРДИ: И денеска Скопје шестти на листата најзагадени градови во светот!

  • December 24, 2018

Скопје утрово е на 6. место во светот според нивото на загаденост на воздухот, покажува „Ер вижуал“, специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот.

На страницата рангирањето се врши според збирните податоци од мерните станици поставени во светските градови кои се соочуваат со лош квалитет на воздухот.

Скопје и вчера, но и изминатите неколку дена постојано беше меѓу десетте најзагадени светски градови.

Нивото на ПМ10 честички во возухот е неколкупати над дозволената граница. Мерењата презентирани на оваа апликација највисоко ниво на загаденост покажуваат кај ректорат и во Карпош.

Претходно «
Следно »