ЗАГИНА МАКЕДОНСКИ ПЛАНИНАР: Во обид да го искачи Еверест, загина Македонски планинар

  • May 20, 2018

Еден македонски планинар почина откако се обиде да се искачи на Еверест, објави АФП, пренесе БГНЕС.

62-годишниот маж починална висина од 7 200 метри.

„Нашиот тим во базниот камп ја потврди неговата смрт”- изјави Исвари Поудел од хималајските водачи на Непал, кој е и организатор на искачувањето.

Локалните медиуми објавија дека алпинистот починал од срцев удар. Ова е четвртиот мртов за оваа сезона. Околу 400 алпинисти успеаја да се искачат на Еверест за оваа пролетна сезона, која започнува во април и завршува во мај.

Претходно «
Следно »