Заеви даваат зелено светло за рeкeт, Филипче им настапува на митинзи, а граѓаните со живoт ја плaќaат цeнaта на лaгитe од 2016

Поврзано

ВМРО-ДПМНЕ работи на формирање на Влада, но договор со ДУИ се уште нeмa

„ВМРО-ДПМНЕ работи на формирање на парламентарно мнозинство. Информации од непотврдени и непроверени извори нема да потврдуваме ниту да демантираме“...

Мендух Тачи од Заев ја побарал институцијата Финансиска полиција за да ги истражува трансферите на пари од Иран и Катар

Албанскиот портал Газета Експрес, објави детали од средбата на Зоран Заев и лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Имено порталот објави...

Жecтока реакција на ВМРО-ДПМНЕ поради нaпaдите на Заев врз медиумите

ВМРО-ДПМНЕ реагира и остро го осудува бруталното и недемократско постапување на Зоран Заев кон новинарите и медиумите, редејќи етикети,...
- Advertisement -

Венко Филипче да се посветеше само на глумачко-политичката кариера во крими филмот на Заеви, Министерството за здравство ќе го водеа професионалци и немаше да броиме стотици заболени и десетици починати секој ден, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека Зоран и Вице Заеви да си се посветеа на гангстерската кариера, државата ќе ја водеа чесни политичари кои ќе направеа нешто за народот.

-Дури народ се разболува и умира, со зелено светло на Заев се рекетираат и се палат автомобили во државата. Во Македонија за едно деноноќие има 147 нови случаи заболени од корона вирус, а 6 за жал починати. Венко Филипче без срам тера кампања и снима спотови на Заев. Тој денес требаше да одговори зошто ја излажа јавноста пред еден месец кога рече дека сите кластери во Скопје, кај што епидемијата е најсилна, се знаат и се под контрола, за сега да имаме признание од епидемиолозите дека корона вирусот се шири неконтролирано и веќе не се знае колку се кластери постојат, се наведува во соопштението.

Ова е доказ дека Филипче не води министерство за здравство во ек на епидемија, туку партиска политика.

Каков Заев – таков Филипче.

Заев го покажа своето лице. Тој не се грижи за народот. Нему главна грижа е како да ги зголеми милионите евра и како да сее страв преку рекетарите и на тој начин да прибира милиони во торби. За ова секој ден излегуваат сведоштва. Бојан Јовановски јавно призна дека рекетираните пари завршувале кај Зоран и Вице Заеви, про-рускиот бизнисмен Дака призна дека бил во договор со Заев за бизниси во Македонија и платил 300 илјади евра, а вчера излезе и последното сведоштво на член на подземјето Горан Димовски од Битола викан Тушникот кој каже дека со зелено светло на Заеви биле палени автомобили во Македонија.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Latest News

Утре без cтpујa делови од неколку скопски општини

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, на ден 07.08.2020 година (петок), без електрична енергија ќе останат: Oд 06:00 до...

Над половина милион зaрaзeни со Koвид-19 на Флорида

САД регистрираа 1.262 нови смртни случаи поврзани со Ковид-19 во изминатите 24 часа, покажуваат податоците на универзитетот „Џонс Хопкинс“. Со новите случаи, бројот на смртни...

Зaплeнeти 1,3 тони кoкaин на француско пристаниште

Француските власти заплениле 1,3 тони кокаин скриени во контејнер со вреќи ориз од Јужна Америка во пристаниште на северот на државата, изјави неименуван извор...

Играјте на сигурно и нема да зaжaлитe

Овен Не дозволувајте ситните кавги со колегите да ве исфрлат од такт. Кога ќе забележите дека сте налутени, повлечете се во самотија и бројте до...

За време ekcплозијата во Бејрут новинарка имаше интервју: Погледнете што се случи (Видео)

Еkcплозијата што однесе преку стотина животи во Бејрут и беа повредени преку 7.000 лица, беше голем шоk за светската јавност. Се повеќе видеа излегуваат...

More Articles Like This