September 18, 2021, 8:11 am

Заев: Благодарност до граѓаните кои ја препознаваат важноста од успешно спроведување на пописот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Упатувам голема благодарност до граѓаните кои ја препознаваат важноста од брзо и успешно спроведување на пописот и кои со масовен одзив учествуваат во оваа статистичка и државничка операција. До денеска, заклучно со 18.00 часот, попишани се повеќе од 502.000 лица, објави денеска премиерот Зоран Заев.
– Им честитам на сите ангажирани лица при спроведување на пописот и на Државниот завод за статистика, за нивната професионалност и за посветеноста на сите попишувачи кои работат на терен на цела територија на нашата држава. Очекувам пописот да продолжи со предвидената динамика и сите активности успешно да се завршат до 30 септември. Продолжуваме заедно, до успешен Попис2021, објави на Фејсбук, премиерот Зоран Заев

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

Трета среќа: Бугарија закажа нови парламентарни избори за 14 ноември

Официјално Скопје вели дека не ги прекинува преговорите со привремената влада во Софија, иако се распишани други предвремени избори...

More Articles Like This