Заев ветува: Нема да бидат дозволени дивогpадби во националните паркови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев во интервјуто за Телма Телевизија, истакна дека Законот за дивоградби ги ставил политичарите пред одлука дали ќе се рушат или ќе се легализираат градбите. Тој соопшти дека со новиот текст на законското решение кој ќе биде испратен во Собранието се земаат предвид дел од мислењата на екологистите.

„Националниот парк е сочинет од три зони, во едната од нив, за одржлив раст и развој, при легализација на дивоградбите беа потребни мислења од институциите. Таков е примерот кај најновиот национален парк во Попова шапка, бидејќи селото Вратница е во третата зона, а во селото има дивоградби и требаше мислења од институциите. За да ни веруваат граѓаните ставивме во новиот текст „строга забрана“. Без мислења од институциите нема да смее да има дивоградби во националните паркови“ – вели Заев.
Премиерот изрази задоволство што нелегалните објекти на плажите во Охрид се отстранети, со што се покажува дека институциите постапуваат според законотот.

„И Струга почна да постапува и тоа го поздравуваме. Даваме буџетски пари, покрај општинските, за рушењето. Досега не се рушеше поради тоа што важеа старите закони“ вели Заев.

Latest News

(Фото) Вучиќ со пpeубави заборови за нас: Македонците се љубезни, Србите и Македонците секогаш се сакаат

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва прошета низ Скопје со својот домаќин, премиерот на Зоран Заев. Во посета на земјава...

More Articles Like This