ЗАЕВ ВРШИ ВЕЛЕПРЕДАВСТВО: Смената на Уставот е смена на идентитетот

  • June 10, 2018

Смената на Уставот значи промена на идентитетот на македонскиот народ, согласна е експертската јавност по се поизвесната капитулација на Македонија пред грчките барања, за што одговорност има Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ.

Дека менувањето на Уставот ќе значи обезличување на Македонците смета дури и првиот човек на МАНУ, Таки Фити. Тој неодамна јасно го изрази ставот на академијата да не се прифаќа во преговорите да се отвора прашањето за идентитетот, како ниту име за севкупна употреба, што според грчката страна сега значи дека евентуалното ново договорено име треба да биде и за внатрешна употреба.

– Ерга омнес, односно име за севкупна употреба, никако не смее да се прифати, бидејќи тоа значи менување на Уставот. Тоа носи обезличување на Македонците. Иредентизмот не може да биде оправдување за менување на Уставот. Нашата влада ќе мора да се избори решението да не биде за севкупна употреба, ако сака тоа да биде достоинствено решение. Менување на Уставот и име за севкупна употреба ќе биде опасна ситуација – кажа претседателот на МАНУ, Таки Фити на едно медиумско гостување.

Притоа додаде дека доколку се прифати име за севкупна употреба тогаш ниту МАНУ нема да се вика Македонска академија на науките и уметностите, туку ќе треба да се прекрсти во „Академија на науките и уметностите на Република Горна Македонија“, на пример. Од тоа произлегува дека освен МАНУ, ќе треба да бидат преименувани и други национални институции, како Народната банка на Република Македонија, АРМ, Друштвото на писатели на Македонија, Фудбалската федерација на Македонија… Тоа, според претседателот на МАНУ, е апсурдно!

Не е можна промена на името без промена на идентитетот

Професорот на правниот факултет во Скопје Тони Дескоски смета дека не е можна промена на името без промена на идентитетот. Според Дескоски, основната идентитетска компонента е името.

Тој вели дека него не можете да му го смените името во Горан од Тони и тој да остане со истиот идентитет.

-Да јас и понатаму ќе бидам маж ќе имам 46 години ама ќе бидам некој друг, ќе бидам Горан, а не Тони.

Од тука обидите или жонглирањата со некакво преименување на државата при што ќе се задржи терминот Македонија ама ќе му се даде некоја додавка се всушност тоа. Обид за преименување, а потоа се отвара целиот идентитетски пакет кој не води до суштината на проблемот дека Грција не може да ја прифати македонската нација како таква.

-Ќе ве потсетам денеска повторно во истиот документ кој е официјален документ на грчкото МНР и кој ја одразува официјалната позиција на Грција стои дека срцевината на проблемот за името е всушност вештачката и лажна македонска нација создадена од Тито во текот на втората светска војна, вели Дексоки.

Замислете, додава тој, сега ние преговараме од позиција на вештачка и лажна македонска нација создадена од Тито.

Дескоски ја коментираше и нашата дипломатија која според него е тромава и инертна во докажување на спротивното и покрај пресудата која Македонија ја има од меѓународниот суд на правдата.

-Таа пресуда покажува дека Грција ја крши привремената спогодба. Таа докажа дека Грција ги нарушува добрососедските односи Македонија е жртвата додаде тој.

Мико: Не може да се промени името, а да не се промени и идентитетот на Македонија

Името е поврзано со идентитетот а за идентитетот не се преговара и тие тоа не можат или не сакаат да го видат, вели американскиот аналитичар Џејсон Мико.

– Како што веќе видовме, потребен е само еден глас да блокира потенцијален член – Грција стави вето на членството на Македонија на Самитот во Букурешт во 2008 година. САД, како и европските членки на НАТО и Канада, постојано од тогаш говореа, и јас го цитирам Расмусен, генералниот секретар на НАТО „покана за членство во НАТО ќе биде упатена веднаш штом прашањето за името е решено“. Во тоа е проблемот. Меѓутоа, за проблемот е збунувачки фактот дека САД, НАТО, ЕУ, ОН, итн. не разбираат или не сакаат да признаат дека идентитетот и името се исти, тие се поврзани. Не може да се промени едното без да се промени другото, а за идентитетот на Македонија и нејзиното име не смее да се преговара. Според мене, многу е фрустрирачко што многу паметни луѓе, избрани и неизбрани, не може да го препознаат или можеби, одбиваат да го признаат тоа. Тоа е прашањето, вели Мико кој е добар познавач на состојбите во регионот за емисијата „Порта“ на сателитскиот канал на МТВ уште пред неколку години

Претходно «
Следно »