ЗАЕВ ГИ ГУБИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ: Ако СДСМ и ДУИ беа сигурни во победа на избори – зошто го брзаа неуставниот закон за двојазичност?!

Поврзано

ДАЛИ ГЕРМАНИЈА ЗНАЕЛА ЗА КОРОНАТА УШТЕ ВО 2012 ГОДИНА?

Ова сценарио од „ Анализа на ризиците за луѓето“ од 2012 година ги разгледува мерките и последиците на...

Дали Филипче cвecно го koчи paзpeшyвaњeтo на kpизaтa и оди cпpoтивнo на светските препораки?

Едно од најугледните медицински списанија во свеотот, „Лансет“ денес објави сторија во врска со важноста за спроведување на масовно...

СВЕТОТ НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ ИСТ: Траорно „писмо од иднината“ на италијанската писателка Франческа Меландри

Популарната италијанска писателка Франческа Меландри, која поради епидемијата на коронавирусот речиси три недели се наоѓа во карантин во Рим,...

„Шверцерат“, едноставно не постои друг збор кој може да го опише начинот на кој беше потпишан и објавен Законот за употреба на јазиците во Службен весник.

Симултанка одиграна од сите инволвирани во процесот, вклучувајќи го премиерот Заев, собранискиот спикер Талат Џафери, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, „сведокот “ Оливер Спасовски и министерката за правда Дескоска и Радмила Шекеринска.

По изгласувањето на уставните амандмани и промeната на Уставното име на земјата, Заев набрзина ги спакува куферите и одлета за Германија, додека останатите, наводно зад грб, своеволно ја завршија работата и орлите почнаа да летаат – на социјалните мрежи и тв екраните.

 

Оваа влада едностано нема допирна точка со народот, уште помалку пак ги засегаат чувствата и емоциите. Едноставно ваков е впечатокот на секој разумен нормален човек, без разлика за кого гласал на претходните избори, не постои Македонец или Северомакедонец кој остана рамнодушен на процестот со промена на името, а уште помалку со воведувањето на двојазичноста. Молкот пак, се должи на репресијата која ја спроведува власта преку сите алатки кои ги има на располагање – од закани за губење на работните места, закани за укинување на социјална помош, казни, информативни разговори во полиција.

Но да се навратиме на политиките и постапките на оваа власт со актуелната ситуација во државата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, Христијан Мицковски во неколку наврати повика на предвремени парламентарни избори и изјави дека овој состав на собранието повеќе нема легитиметет пред граѓаните, за што е и во право, ако се земе во предвид што се се случи во собранието за само две години и на кој начин одредени одлуки и закони беа изгласани и спроведени.

По повикот за предвремени избори почнаа партиските преписки по медиумите, кој барал ама подобро да не му се случеле избори, до најавување на убедливи победи од двата табори.

Суштината и не е така видлива ако ја следиме медиумската преписка, но потезите кои се влечат откиваат многу за вистинкста состојба и поддршката од граѓаните.

СДСМ веќе работи на консензуален кандидат, нешто што порано доаѓаше како барање исклучиво од албанскиот блок на партии, ако Зоран Заев и СДСМ се убедени во апсолутната поддршка од нивните гласачи и албанскиот електорат тогаш овој политички процес можеше да биди изигран на многу по џенталменски и правно политички издржан процес.

На актуелниот претседател на државата, Ѓорге Иванов мандатот му истекува во април, по што тој нема право на нова номинација, ако СДСМ и ДУИ беа сигурни дека ја имаат поддршката,политички елегантно и џентлменски  ќе беше да почекаат до мај кога по одржувањето на претседателски избори ќе добиеа легитимен претседателски претставник кој без никаков проблем и законски пропуст ќе го потпишеше законот за употреба на јазиците. Од друга страна пак Заев можеше повторно да го употреби ова како џокер пред албанскиот електорат за да го подржат нивниот кандидат, а овој за возврат да им вети дека тој претседателски кандидат ќе го потпише законот без збор.

Зоран Заев и СДСМ не се сигурни во победа на следните претседателски, уште помалку во победа на следните парламентарни избори ако тие бидат предвремени!

Според тоа, шверцерскиот начин на кој што законот беше објавен е јасен индикатор дека власта на СДСМ и ДУИ воопшто не се сигурни во победа на претседателските избори, а уште помалку во победа на евентуални предвемени парламентарни избори.

Ова повеќе наликува на буткање на сила пред заминување, а најтрагичен е фактот што и за евентуално заминување не се зема во предвид пулсот или мислењето на граѓаните, туку на некој од надвор, т.н. меѓународен фактор.

Како и да е, штета е направена свесно, што и при евентуална смена на власта и претседателот ќе се нема многу простор за маневри и правни истанци кој ќе го изменат теркот кој е поставен и по кој се движиме.

Ако ги следиме „пророштвата“ на екс-премиерот Груевски, кои досега со мали исклучоци се докажаа како точни – Македонија забрзано се движи кон курсот на федерализација и поделба на Македонија каква што ја знаеме.

 

Актуелно

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

(Видео) По зakaните по неговиот и животот на Јовановски, Дуковски видно вознемиpeн, известени се и амбасадите

Видно вознемирен и нервозен вака може единствено да се опиште денешниот настап на адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски при изјавата пред обвинителството откако...

Нови „бомби“ во етерот – што мисли Заев за Бранко Црвенковски и неговите луѓе, и колкав е неговиот капитал

Нови аудио снимки од свиркачи се појавија на социјалната мрежа „ЈуТјуб“ на кои може да се слушнат секвенци од разгвор кој Зоран Заев го...

Повеќе вести