August 13, 2020, 9:21 am

ЗАЕВ -ПРЕМИЕР НА БЕЈЛИ, А НЕ НА НАРОДОТ: Премиер-поразен на изборите и против волјата на граѓаните, избраник и поданик на американскиот амбасадор Бејли

Поврзано

Џафepи ја откажа седницата за избор на претседател на Собранието, денес доби внук

Претседавачот на конститутивната седница Талат Џафери денеска го откажа продолжението на седницата, на која требаше да се избере претседател...

Пeтминa пaтници од лeтoт Скопје-Тypкy во втopникoт пoзитивни на Koвид-19

Петмина од 146 патници кои во вторникот вечерта со авион на Визер од Скопје пристигнаа во финскиот град Турку...

Џафери до Пендаровски: Мандат не се дава со најави преку медиумите, мандат се дава со мнозинство во Собранието

Oткако претседателот на државата, Стево Пендаровски, најави дека утре ќе му го додели мандатот за составување на нова Влада...
- Advertisement -

Зоран Заев не победи на изборите, стана премиер благодарение на безрезервната поддршка од странски амбасадор, кој го инсталираше за претседател на Владата и покрај изборниот пораз. Дека Заев нема поддршка од народот, се покажа и синоќа кога пред Собранието новата влада ја поздравија едвај 100 луѓе, припадници на „Шарената револуција“.

Заев очигледно е во лажен филм дека победил на изборите, па синоќа во своето обраќање пред партискиот штаб наместо на амбасадорот кој го направи премиер, се заблагодаруваше на народот кој го порази на изборите.

– Леле, леле што направивме. По долгогодишната борба, срушивме режим со пенкало и глас. На сите оние кои протестираа низ градовите сите овие години им симнувам капа, им се поклонувам на моите сограѓани. Ние сме вашиот репрезент, не може секој да биде премиер, еве јас ја добив честа, но во ваше име и во ваша сметка, рече Заев.

Амбасадорот кој го направи премиер, сега и му честиташе на Заев. Џес Бејли, кој е под истрага на американскиот Конгрес за своето делување во Македонија, преку Твитер му честиташе изборот на новата Влада.

-Честитки до премиерот Зоран Заев и до парламентарното мнозинство за формирањето нова влада во Македонија. Како пријател и партнер, со нетрпение очекуваме да работиме со новата влада на реформите за напредок кон членството во НАТО и во Европската Унија, вклучувајќи ги оние за владеењето на правото, напиша Бејли на својот Твитер профил.

Откако Бејли последните неколку години вложи напори заедно со Невладините организации на Џорџ Сорос, по секоја цена да Заев да го направи премиер, денеска тој му честиташе за новата функција. Останува прашањето дали Бејли денеска преку Твитер, всушност си честиташе сам на себе и за неговите напори Заев да стане премиер и да ги спроведува политиките од кои тој би имал корист.

Благодарение на Бејли, Заев стана премиер и покрај тоа што има низа последователни порази.

Зоран Заев беше вршител на должноста претседател на СДСМ 2008-та година, а тогаш СДСМ ги изгуби локалните и парламентарните избори во Република Македонија. Во 2014 година повторно лидер на СДСМ е Зоран Заев и повторно ги губи изборите и парламентарните и претседателските избори. На 11 декември 2016 година Зоран Заев повторно е лидер на СДСМ, тој ги губи парламентарните изборите со 20 илјади гласа разлика во корист на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Ако се мерат резултатите на изборите кога тој е носител во четвртата изборна единица тогаш бројот на порази се зголемува.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Kopoнавирусот се пpeнесува пpeку зaмpзнaта храна, пронajден на пилешки крилца увeзeни од Бразил

Примерок на смрзнати пилешки крилца увезен од Бразил во Кина е тестиран позитивен на коронавирус, соопштија денеска локалните власти...

Милчин за диноcaypyсите на Шилегов: Ceлото гopи, бабата се чeшлa

Поранешниот прв човек на „Институт Отворено општество – Македонија“, режисерот Владимир Милчин, на социјалните мрежи ја коментира најавата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов...

Бабата на Бoлсoнаро пoчинa oд КОВИД-19

Бабата на првата дама на Бразил почина во средата одкако цел месец се бореше со вирусот. Марија Апарецида Фирмо Фереира, била баба на Мишел Болсонаро,...

Џафepи ја откажа седницата за избор на претседател на Собранието, денес доби внук

Претседавачот на конститутивната седница Талат Џафери денеска го откажа продолжението на седницата, на која требаше да се избере претседател на Собранието, поради тоа што...

Пeтминa пaтници од лeтoт Скопје-Тypкy во втopникoт пoзитивни на Koвид-19

Петмина од 146 патници кои во вторникот вечерта со авион на Визер од Скопје пристигнаа во финскиот град Турку се позитивни на Ковид-19. Мико Пиетила,...

More Articles Like This