ЗАЕВ ДА НЕ КРЕВА ЧАЛАМ И НЕКА ПОБАРА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА АБОЛИЦИЈАТА: Иванов изненадувачки остар во обраќањето до нацијата!

  • June 22, 2016

Претседателот Ѓорге Иванов во денешното попладневно обраќање до јавноста потенцира дека се што беше кажано од собраниската говорница по предлогот на опозицијата за негова одговорност, ќе остане запишано како сведоштво за односот на пратениците кон сопствената држава и кон сопствените институции.

3ivanov-pres

Врз основа на тоа сведоштво, напомена Иванов, идните поколенија ќе знаат низ што се минувала демократијата во Македонија и како оваа генерација политичари ја разбирале и практикувале политиката.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

– Дел од тие сведоштва се помилувањата од претходни претседатели за кои воопшто не беше покренато прашање за нивна одговорност. Ниту пак се покрена кога ни наметнаа привремено име кое сеуште не фрустрира. Ниту пак за промената на државното знаме, Уставот и територијалната поделба на државата. Никој не одговараше за атентатот на еден претходен претседател и за неразјаснетите околности што доведоа до смртта на друг претседател. Наредните генерации ќе знаат дека во тоа време, на власт биле истите оние кои денес го покренаа прашањето за моја одговорност и кои го оспоруваат мојот легитимитет, подвелече шефот на државата.

 

[/kopa_block_quote]

Според него, гласањето во Собранието заврши, а неоснованата иницијатива на опозицијата беше отфрлена.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

– Затоа, денеска им се обраќам на граѓаните. Граѓаните кои два пати ми ја дале довербата да бидам претседател на Република Македонија, рече претседателот Ѓорге Иванов.

 

[/kopa_block_quote]

Денес, единствениот аболициран политичар во Република Македонија е Зоран Заев. Доколку не блефира, го охрабрувам, врз основа на законските измени да го одржи дадениот збор и да поднесе формално барање за повлекување на неговото помилување, рече Иванов.

Според Иванов, правната држава ја нарушија оние кои поради недостаток на политичка култура и култура на дијалог и компромис, немаа доблест своите недоразбирања да ги решаваат во институциите на државата.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

– Правната држава ја нарушија лидерите на СДСМ и ДУИ бидејќи уставниот поредок не им беше доволен за да се сретнеме, да седнеме и да се договориме, туку трчаа во амбасадите на странските држави. Правната држава, сувереноста и независноста ги загрозија овие двајца неодговорни политички лидери кои придонесоа да го добиеме договорот од Пржино и кои не се ни придржуваа кон тој договор, рече Иванов.

 

[/kopa_block_quote]

Специјалното јавно обвинителство кое се формираше ад-хок, со точно определна наменска цел, согласно договорот на политичките партии и од кое се очекуваше со својата работа да биде во функција на решавање на политичката криза, а не нејзино продлабочување, за жал, наместо да биде инструмент за правда, се покажа, нагласи, како инструмент за уцена.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]– Од сите милион фајлови кои кажуваат дека ги имаат, ги одбра само оние кои се однесуваат на претставниците на власта, односно на ВМРО-ДПМНЕ. Селективниот прогон на СЈО создаде мачна атмосфера во општеството. Јас и јавно прашав по која методологија се одбрани само тие случаи. Одговорот го даде лидерот на опозицијата Заев кој изјави дека Специјалното јавно обвинителство постапува исклучиво по пријави доставени од опозицијата. Значи, наместо специјално обвинителство добивме селективно обвинителство, кое е исклучиво во функција на опозицијата, истакна претседателот.[/kopa_block_quote]
Претходно «
Следно »