Заев денеска ќе врти телефони за проширување на владината коалиција

  • May 10, 2018
  • Коментари

Премиерот, Зоран Заев, на денешната прес конференција со германскиот државен министер за европски прашања, Михаел Рот, порача дека оваа година е моментот кога на Македонија треба да и биде дадена европска перспектива.

-Доколку биде доведена во прашање иднината на членството во ЕУ и НАТО тоа ќе ја доведе во прашање безбедноста на регионот и на ЕУ. Остануваме убедени дека лидерите на ЕУ го препознаваат моментумот, дека времето е сега, на Македонија треба да и биде дадена европска перспектива оваа година – рече Заев.

На новинарско прашање за тоа што се уште не е усвоен записник од седницата на која што Талат Џафери е избран за претседател на Собранието, Заев одговори дека тој е избран со мнозинство што го прави легитимен.

-Видливо беше како се направи изборот, во услови после 32 дена блокирано Собрание се спроведе процесот и се гласаше со мнозинство, од тука бегање нема – рече премиерот.

Во врска со најавената реконструкција на Владата, Заев порача до парламентарните партии да размислат за понудите кои ги добиле.

-Предлозите се вредни за размислување, го очекувам одговорот од нивна страна. Синоќа се слушнав со еден од лидер на овие парламентарни групи. Денска имам намера да вртам телефони, сакам да се зголемам парламентарното мнозинство – додаде тој.

Претходно «
Следно »