ЗАЕВ ДОБИ МЕТЛА:Заев најави чистка, Дац му подари метла

  • April 23, 2019

Актерот Драган Спасов Дац на трибината на Стево Пендаровски, Зоран Заев и Радмила Шекеринска во Карпош му подари метла на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за чистката што ја најави по вториот круг од претседателските избори.

Заев се заблагодари и рече дека добро ќе му дојде, а Стево Пендаровски праша дали ќе биде доволно само една.

-Отворено зборувам, не да се заканувам некому, пораката ја примивме во првиот круг. Ова јасно им го кажувам на нашите поддржувачи кои решија да останат дома и кои се незадоволни од нас, од некои наши функционери, на локално или централно ниво-чистка ќе има. И тоа е мојата порака, рече Зоран Заев на првата трибина во Карпош по првиот круг од претседателските избори.

-Пораката ја испративте, но немојте да ја казнувате државата заради некои наши слабости. Слабости има, но работиме и ќе работиме да ги исправиме. Разбрав, многу наши поддржувачи ми испратија порака „Еј ало, менувај нешто, не ја бива вака“, изјави Зaев.

Претходно «
Следно »