Заев доставил и писмен документ како предлог до официјална Софија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доставен е документ од Владата на Р.Македонија кој во моментов се разгледува и од страна на бугарскиот претседател Румен Радев и од бугарската влада, вели во изјава за Инфомакс Кирил Атанасов, секретар за комуникации во претседателскиот кабинет на бугарскиот Претседател.

„Доцна вчеравечер е доставен предлог документ од Владата на Република Македонија кој се проучува од бугарската страна“, вели во кратка изјава за Инфомакс Атанасов со објаснување дека во овој момент тоа е се што може да каже.

Бугарскиот весник „24 часа“ пак, денес шпекулираше дека македонскиот премиер Зоран Заев предложил компромис, според кој бугарскиот и македонскиот јазик ќе се дефинираат како исти јазици, но меѓународно признати како различни, повикувајќи се на неименувани извори во бугарската влада.

Од Владата на Р.Македонија ја демантираа информацијата на бугарскиот весник, објаснувајќи дека таков предлог не е ставен на преговарачка маса.

„За време на вчерашните работни средби обезбедивме унапредување на меѓусебната доверба и дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија. Овој позитивен исчекор ни овозможи да разговараме за можностите за решенија, за што добра основа е португалскиот предлог.

Решенијата мора да водат грижа за двете страни, односно да ги адресираат прашањата што се важни и за Република Северна Македонија и за Бугарија. Такви решенија се можни, за да се дојде до нив неопходен е дијалог, а сега еве и дијалогот е повторно на маса.

Оттука, не се точни шпекулациите за наводни формулации за решенија што се споделуваат низ дел од медиумите“, соопштија од Владата на Р.Македонија, пренесува МКД.мк.

Според истиот весник, Заев и техничкиот премиер на бугарската Влада Стефан Јанев разговарале околу пет можни опции за решавање на спорот со цел кревањена Европската рампа, но ниту еден не е разговаран во детали ниту пак бил официјален предлог. Она што го кажаа во заедничката изјава Заев и Јанев е дека Македонија и Бугарија мораат да започнат со почеста комуникација со цел надминување на недоразбирањата.

Меѓу останатото, на разговорот е дискутирано и за други теми, меѓу кои и отварање на досиејата од Македонските архиви од периодот на Студената војна со цел разјаснување на репресијата која се вршела од тогашните југословенски власти врз Бугари од Македонија.

Потврден е и предлогот за ставање на Бугарите во Уставот, како граѓани кои живеат во Македонија заедно со Хрватите.

Бојко Борисов пак, на средбата со Заев изјави дека техничката влада има право да преговара, но дека оваа влада нема одговорност да го спроведе договорот.

„Сегашната техничка влада има право да преговара со вас, или да потпише нов договор. Но тие ќе избегаат од одговорност затоа што тие така прават“, вели Борисов.

Корнелија Нинова од бугарската Социјалистичка партија пак тврди дека во моментов „нема услови Бугарија да дозволи старт на пристапни преговори за Македонија во ЕУ“.

Latest News

Kaкoв пoтeг: Тpeнepите ce oткaжyвaaт oд пo 10.000 евра и бapaaт cитe пapи Влaдaтa дa мy ги дoдeли нa Дeки

Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со...

More Articles Like This