ЗАЕВ Е КАКО МУВА БЕЗ ГЛАВА: Новата влада функционира без никаков концепт, не знаат каде тераат!

  • July 7, 2017

Заев е како мува без глава, новата влада функционира без никаков концепт, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервјуто за ТВ НОВА.

-Нема проекти за подобрување на животот. Секој ден имаме само средби со амбасадори. Почнуваат со партизирање на администрацијата, се што ставија досега се партиски акдри, почнаа со кршење на законите. Именувањата и разрешувањата се направени на незаконски начин. Нема ништо сериозно со што може да се пофалат, да го видиме. Прават празни прес-конференции. Времето ќе покаже, времето е пред нас, рече Груевски.

Груевски додаде дека иако прекус прериод е да се даде генерална оценка за работата на новата Влада, се забележува дека нема реализација на ветувањата.

Според него, иако Зоран Заев многу ветувал, нема реализација на дадените ветувања.

-Во ВМРО-ДПМНЕ се работи во полна пареа, ќе се трудиме, ВМРО-ДПМНЕ е структуирана за да работи на доброто на државата, вели Груевски.

Претходно «
Следно »