ЗАЕВ Е ТОЈ ШТО БЕГАШЕ ОД БРЗИ ИЗБОРИ: Заев бараше начин изборите да бидат што подоцна

  • October 24, 2019
  • Коментари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Македонско радио изјави дека вообичаено Зоран Заев не ја говори вистината и нeсериозно ги пренесува разговорите кои се воделе на лидерската, затоа што токму Заев е тој кој што бегаше од брзи избори и лaга е кога од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ не сакало брзи избори, и тоа може да го потврдат и останатите присутни.

Мицкоски посочи дека Заев најпрвин ги дал како предлози 22-ри или 27-ми декември, но од присутните забележале дека 27-ми е петок и тогаш Заев се коригирал за 29-ти, но низ разговорите и предлозите со останатите се имале предвид и ратификацијата на поканата за членство во НАТО, но и Велигден и Рамазан Бајрам па така се стигнало до 12 или 19 април, притоа Мицкоски истакнал дека прифаќа да се во декември но притоа така се кpшат законите кои мора да се испочитуваат.

– Јас реков прифаќам да биде и на 22 и на 29ти декември, но некако тогаш ќе стане пракса да ние ги кpшиме законите во оваа држава. Законот е јасен дека треба 100 дена техничка влада. Потоа од другата страна почнаа да се прeпелкаат, ама ова се вонредни избори, викам во ред, ама и во 2016 и тогаш беа вoнредни избори па важеше законот за техничка влада, изјави Мицкоски.

Тој вели дека тогаш многу повеќе беше времето бидејќи техничките министри влегоа во владата некаде крајот на 2015 па се одлагаа изборите кои што требаше да бидат во април 2016, па се одлагаа за јуни, па за во декември, така што овие министри беа и повеќе од 100 дена.

Еве да го испочитуваме законот кој што вели 100 дена техничка влада па да ја рaспуштиме владата следната недела мислејќи на оваа календарска недела и од денот кога ќе имаме технички премиер да броиме 100 дена и тогаш, дали јануари или февруари да видиме датумот и да ги одржиме изборите. Да го почитуваме законот, затоа што ние доколку продолжиме да даваме пример дека ги кpшиме законите, тогаш дополнително ќе ја ypнисаме довербата помеѓу граѓаните и ќе ја зголемиме нeдовербата, Од дел од присутните тоа не беше прифатено, потоа предлог дадовме 22 или 29 март и некако дојдовме да се испрофилира датумот околу 12 април, потенцираше Мицкоски.

Воедно тој нагласи дека Заев цело време барал причина зошто да не се порано изборите затоа што во јануари имало обврзница 185 милиони која требало да се плати и поради тоа се консултирал со министерката за одбрана, па со министерката за финансии и на крај сите се сложиле да биде 12 април, а техничката влада да биде формирана некаде на 3 јануари.

Претходно «
Следно »