ЗАЕВ: Законот за јазици оваа недела мора да се донесе

  • March 12, 2018

Зоран Заев, изјави денеска дека се очекува оваа недела да биде донесен Законот за употреба на јазиците и дека по девет месеци расправата треба да биде завршена.

-Прашањето треба да биде што поскоро затворено. Сите кажаа се што имаа да кажат. Тоа е оневозможено уставно право на граѓаните од другите етнички заедници. Нека се донесе Законот, нека се спроведе и ќе видиме сите дека не било ништо толку тешко и трагично, туку ќе овозможи полeсно да се разбираме едни со други – рече Заев на заедничката прес конференција со претседавачот на советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, кој е во посета на Македонија.

Тој додаде дека пратениците од парламентарното мнозинство дале уште една недела шанса за дијалог и разговор за решение прифатливо за опозицијата.

-Но оваа недела Законот треба конечно да се донесе. Чекорите ќе се движат согласно демократските процедури и ваквите прашања, кои ќе ја крепат мултиетничноста на државата, конечно ќе бидат затворени – додаде тој.

Претходно «
Следно »