ЗАЕВ ЗНАЕ ДЕКА ЌЕ ГИ ИЗГУБИ ИЗБОРИТЕ: Затоа бара спас во консензуален кандидат!

  • February 22, 2019

СДСМ се плаши од изборите и затоа бара консензуален кандидат со ДУИ.

Тоа не го прави со цел да се сплоти македонскиот со албанскиот народ, туку тоа го прави за да го скрие поразот во првиот изборен круг што ќе го доживее од ВМРО-ДПМНЕ, истакна Владимир Нелоски, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата “Патот кон“ на Алсат-м телевизија.

Зоран Заев се плаши да се соочи со граѓаните од сите етнички припадности без разлика дали се политички определени или не, и токму затоа спасот го бара во т.н. консензуален кандитат. И покрај тоа што тврдеа дека имаат конкурс, конкурс кој што беше една бледа имитација на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, која што секогаш сме ја правеле. Распишаа конкурс, а имаат само еден кандидат за партија која што зборот „демократија“ не го вади од уста, има само еден кандидат на нивниот конкурс за избор на кандидат за претседател. Кога видоа дека не стојат добро, не на анкетите туку помеѓу луѓето затоа што се разочарани од СДСМ, и за да го скријат поразот кој што им доаѓа на претседателските избори се надеваат дека со консензуален кандидат заедно со ДУИ ќе ги добие гласачите на ДУИ како партија и дека ќе го скрие незадоволството кое што бруи во моментов помеѓу луѓето, рече Нелоски.

Тој меѓу другото додаде дека ВМРО како опозициона партија, за разлика од времињата кога СДСМ беше во опозиција, покажа конструктивност за прашањата кои се важни за граѓаните од сите етнички заедници и дека моменталната состојба во државата за обичниот граѓанин е неподнослива.

ВМРО како опозициона партија за разлика од времињата кога СДСМ беше во опозиција покажа конструктивност за прашањата кои се важни и за Македонците и за Албанците, Турците, Ромите и сите останати, но сметам дека кога говориме за анкети или пак за чуствата на граѓаните не зборувам како бројка. Јас кажувам дека моменталната состојба во државата за обичниот граѓанин е неподнослива. Не го кажувам тоа во проценти како анкета туку како реална состојба, констатираше Владимир Нелоски.

Претходно «
Следно »