ЗАЕВ, ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА Е ИМЕТО НА ДРЖАВАТА, КАТАЛАВЕС?: За промена на името следи доживотна робија, и конфискација на целиот имот на семејството!

  • April 15, 2018

Вчера, на 14 април 2018 година, Зоран Заев одржа конференција за медиумите, на која соопшти дека во досегашните разговори со Грција “не се решени опсегот и името за меѓународна употреба“.

Рече дека е решено прашањето за идентитетот и државјанството… За што всушност станува збор?!

По меѓународно право, името на државата е идентитетот на нацијата! Националноста по автоматизам се определува од името на државата. Пример, ако вие видете пред вас човек со бела, жолта или црна боја на кожата, не може по автоматизам да определите кое е неговото државјанство или етничко потекло, дури не ве ни интересира неговото етничко или расно потекло! Ќе определите само тогаш кога ќе го видете неговиот/нејзиниот пасош. По името на државата напишано на неговиот/нејзиниот пасош ќе го определите и неговото/нејзиното државјанство односно националност!

“Добри познавачи“ веднаш ќе одреагираат: Да, ама за нас националност значи ентичко потекло, а за Запад националноста значи државјанство. Демек, има разлика! Но, вистината е дека, речиси и нема разлика. Етничкото потекло на мозинскиот народ како етнос, за чијашто држава станува збор, е инкорпорирано во националното и затоа по името на мнозинскиот народ и името на државата!

Ако државата е Француска Република (French Republic), државјанството односно националноста по автоматизам е Французин (Frenchman), независно од етничкото или расното потекло! Државјанството односно националноста не може да биде и не е “граѓанин на Франција“ (a citizen of French Republic). Дури и независно од државјанствата со природување, таканаречените натурализирани Французи.

Ако државата е Сојузна Република Германија (Federal Republic OF Germany), државјанството односно националноста по автоматизам е Германец (German), независно од етничкото или расното потекло! Државјанството односно националноста не може да биде и не е “граѓанин на Германија“ (a citizen of Federal Republic OF Germany). Дури и независно од државјанствата со природување, таканаречените натурализирани Германци.

Ако државата е Соединети Американски држави (United states OF America), државјанството односно националноста по автоматизам е Аериканец (American), независно од етничкото или расното потекло! Државјанството односно националноста не може да биде и не е “граѓанин на Соединети Американски Држави“ (a citizen of United states OF America). Дури и независно од државјанствата со природување, таканаречените натурализирани Американци.

И така натаму…

Истото е и со државата Македонија! Ако државата е Република Македонија (Republic OF Macedonia), државјанството односно националноста по автоматизам е Македонец (Macedonian), независно од неговото етничко или расно потекло! Иако кај нас Macedonian ќе го преведат со МАКЕДОНСКО. За цел свет Macedonian e МАКЕДОНЕЦ, само МАКЕДОНЕЦ и ништо друго освен МАКЕДОНЕЦ. Државјанството односно националноста не може да биде и не е “граѓанин на Република Македонија“ (a citizen of Republic OF Macedonia). Е, токму тоа Атина сака да го демонтира, за да не постои етнонимот Македонец во државата Македонија, во соседните земји на државата Македонија и во целиот свет. Но, нашле утки кои добро ги плаќаат за народот и јавноста да ги залажуваат!

Она што е најважно: Името на мнозискиот етнос за чијашто држава станува збор, секогаш е инкорпорирано во името на државата, затоа независно од разликите меѓу “државјанство“ и “етничко потекло“, кога се зборува за националноста по автоматизам се мисли и на етничкото потекло, независно дури и од расните разликите на натурализираните, кои може со време да станат поголеми патриоти и од домородните.

Во таа смисла и Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 3 јули 1992 година, донесе Декларација со која потврди дека “Го оценува за неприфатлив и го отфрла делот од Декларацијата на Европскиот совет на Европската заедница за поранешна Југославија, усвоена во Лисабон на 27 јуни 1992 година, што се однесува за признавањето на Република Македонија ‘со име кое нема да го вклучува терминот Македонија’. Со прифаќањето на ваквиот став, макар и привремено, се прави преседан со исклучително тешки меѓународни последици.“

А, во точките 6 и 7 од оваа Декларација, Собранието констатирало дека: “(6) Името Македонија е основа за името на еден народ – Македонскиот народ, кој претставува мнозинство во Република Македонија и со неговото негирање се врши и дискриминација врз тој народ и националностите што живеат со него. Тоа не е во функција на обезбедување мирен и стабилен сестран развој на Република Македонија и заживување на нејзиниот суверенитет и независност, обезбедени на мирен и демократски начин. (7) Собранието на Република Македонија и натаму инсистира и бара од Европската заедница, како и од пошироката меѓународна заедница, Конференцијата за европска безбедност и соработка и Организацијата на Обединетите нации и нејзините членки, меѓународно да ја признаат Република Македонија со нејзиното име и во постојните граници.“

(Кога авторот на овој текст во 1992 година тврдеше дека по државјанство во Македонија сите се Македонци, така цел свет ќе ги препознава и декларира, поради името на државата Македонија, пратениците на СДСМ го етикетираа за “фашист“!)

Оваа Декларација до денес не е променета со ниту еден друг акт на Собранието на Република Македонија! А, оваа Декларација претставува основа за надворешната политика на државата Македонија!

По дисолуцијата на поранешна СФР Југославија, во графата за државјанство (nationality), и во личните карти, пасошите и другите лични исправи, за да “не се лутат“ припадниците на националните малцинства, на сите ни пишуваше “Република Македонија“ (Republic of Macedonia).

Откако се воведоа биометриските лични карти и пасоши, и други лични исправи, во графата за државјанство (nationality) на сите, ама буквално на СИТЕ, ни пишува МАКЕДОНСКО / MACEDONIAN!

Никој во Македонија не демонстрираше, никој не протестираше, никој не се налути, затоа што сите знаеја дека тоа е стандард по меѓународното право!

За жал, го слушаме Зоран Заев на конференцијата за медиумите одржана на 14 април, треба да воведе универзално уникатно решение што ќе важи само за Македонија и за Македонците, вели “Државјанството ќе биде во согласност со новото име за меѓународна употреба. Би било веројатно граѓанин на Северна, Горна, Вардарска / Македонија.“

Значи, во графата за државјанство (nationality) нема да пишува ГОРНО МАКЕДОНЕЦ / UPER MACEDONIAN, туку “граѓанин на Горна Македонија“ / “А CITIZEN OF UPER MACEDONIA“. За кое меѓународно име зборува Заев?! Кој му дал мандат да договора промена на името на државата?! Кој му дал мандат сам да определува име за меѓународна употреба на државата Македонија?!

И, Заев продолжува со својата небулозна реторика: “Очекувам да бидат потврдени прашањата што се веќе опишани во графите на Обединетите Нации како што е Македонскиот јазик, со тоа што апсолутно сме подготвени да ги отстраниме сите нивни резерви за некакво алудирање на наследство или слично, заради тоа што немаме намера со потврда на нашиот уставен јазик, македонскиот јазик да навлегуваме во наследството на Грција“.

Најверојатно, Makedonski – Slavic! Заев дури го вдомил бугарскиот рецепт за Македонскиот јазик како уставен јазик, демек човекот немал намера со “нашиот уставен закон, македонскиот јазик, да навлегуваме во наследството на Грција!“ За кој словенски јазик, за кое наследство на Грција! Грција за првпат во својата историја ја окупира Македонија во 1912 година и врши геноцид врз Македонците во окупираниот Егејски дел од Македонија! Неправда која никогаш не е исправена, ниту една Влада не ја поставила во односите со Грција во контекст на разговорите за името на државата, или пред меѓународната заедница! Затоа што, не е до името на државата Македонија туку до грчката окупација врз Македонија и грчкиот геноцид врз Македонскиот народ!

И колку за незаборав: Промената на името на државата не е демократија, ниту слобода на мислата и јавно изразување на мислата, туку претставува флагрантно кршење на Уставот и на меѓународното право, најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ, злосторство против човештвото што не застарува, и за тоа ќе се одговара со доживотен затвор и конфискација на целиот имот на семејството, дома и во светот!

Пишува
Тодор Петров

Претходно «
Следно »