October 20, 2021, 7:58 pm

Заев: „Имeтo и дejнocтa нa Гоце Делчев ce cинoним нa мaкeдoнcкaтa дpжaвнocт“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Името и дејноста на Гоце Делчев се вплетени во македонската историја како синоним за една автентична и искрена борба и пожртвуваност, како синоним на македонската државност кој има најголема моќ во паметењето на Македонците, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

– Денеска, на денот на загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, го чествуваме како инспиратор и апостол на македонската револуционерна организација која се бореше за остварување на историската идеја за правото на Македонците да го остварат вековниот сон за своја самостојна држава.

Секоја година на датумите врзани за животот на Делчев, како и на денешниот ден кога се сеќаваме на неговата погибија пред 118 години, се поклонуваме пред и за Гоце Делчев, во име на реализацијата на неговиот завет до идните поколенија да го остварат неговото и делото на плејадата македонски револуционерни дејци за формирање македонска држава која ќе биде рамноправна во културниот натпревар на народите, стои во неговата објава.

Обајвата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Грчева: Го слушам Заев вели дека морале веднаш да се променат…

Човек како Зоран Заев и номенклатурата околу него се фаталоносците кон Европската Унија. Тој не може да нѐ однесе...

More Articles Like This