ЗАЕВ И КАРАКАЧАНОВ СО ИСТИ СТАВОВИ: Македонците и Бугарите се „иста хора“ и „сшти народ“, а имаат и заедничка историја!

  • July 7, 2017

Вицепремиерот на  Бугарија, Красимир Каракачанов, во изјава за бугарската државна телевизија, БНТ1 од 28 јуни изјави дека во Бугарија и Македонија живее ист народ, кој има заедничка историја. Каракачанов рече дека и тој самиот учествувал во преговорите со Заев.

– Ако тој договор биде потпишан, по разговорите што ги водеа премиерот Борисов и новиот македонски премиер Заев, јас исто така учествував во тој процес. Јас мислам дека Бугарија направи вистински чекор во таа насока и таа политика треба да продолжи и натаму. Ако тоа се случи, секако дека тоа ќе биде отварање на односите меѓу двете држави, Бугарија и Македонија, во кои јас сум го кажувал повеќепати, живее еден ист народ, кој има заедничко минато.

Ваквите иззјави на бугарски официјални претставници во кои тие  целосно ја присвојуваат македонската  историја, јазик и култура зачестија по изјавата на Заев за бугарската новинска агенција БГНЕС, каде тој рече дека македонците и бугарите се еден народ. По што уследија реакции на неверување и радост кај националистичките кругови во Софија, кои излегоа со став дека македонците немаат историја, и дека нашата историја била бугарска до 1944 година, кога Македонија  е формирана од страна на комунистите.

Ваквите тези се исклучително опасни бидејќи со нив во темел се руши македонската држава, јазик и култура, а поради големата нетранспарентност од страна на Заев кој не им кажува на македонските граѓани што договорил во Софија, се раѓа сомнеж дека Заев ја распродава државата и нејзините атрибути кај ќе стигне.

Претходно «
Следно »