August 14, 2020, 5:58 pm

ЗАЕВ И НЕГОВИОТ „ТЕЛЕГРАМ“: Како Зоран Заев е вмешан во нова „рекет“ шема и нели има попаметна работа од допишување преку „Телеграм“?

Поврзано

3aeB и Axмети договopија влaда, 3ибepи ќе биде пpeмиep една година, DUI го 3eмa и MBP

Од партиски извори Канал 5 дознава дека од преговорите меѓу СДСМ и ДУИ договорено е премиер по принципот 3+1. Тоа...

Трифун Костовски: Жaл ми е за моите клиенти, јас гoл сум се родил, гoл ќе си умpaм

Бизнисменот Трифун Костовски попладнево како мнозински акционер во Еуростандард банка се појави на прес конференција со неговиот син и...

Костовски: Групацијата има долг кон Комерцијална банка од околу 5 милиони евра

Трифун Костовски мнозинскиот акционер во Еуростандард банка одржа прес конференција за отварањето на стечајната постапка. Костовски, на прашањето на...
- Advertisement -

Додека се одржуваше економскиот самит во Солун, соседна Грција, каде што шефовите на држави и премиери од овој дел на светот разговараа за идните економски, енергетски и политички проекти, нашиот премиер на „Телеграм“ се допишувал со свои некогашни сопартијци и се занимавал со маалски дуќанчиња. Буквално.

Наместо да разговара за економската иднина на државава, да лобира за добивање на енергетски проекти, односно да договара што поскоро отворање на пристапните преговори на Македонија во ЕУ, Зоран Заев на минатонеделниот самит во Солун расправал маалски дуќанчиња во кои се сместени просториите на општинската организација на СДСМ.

Колку и тоа неверојатно да звучи, тоа се случувало на 14 ноември. И за тоа зборував вчера во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ, каде што и покажав фотографија од фрагмент од разговорот кој нашиот премиер го терал со бизнисменот Киро Тошевски, чија сопственост и е дуќанот во кој е сместена ОО на СДСМ во Аеродром.

Тоа е истиот тој Киро Тошевски за кој братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев за „Инфомакс“ тврдеше дека ниту тој, ниту пак неговиот брат премиер не го познавале. Од комуникацијата пак помеѓу Зоран и Киро, јасно се гледа дека двајцата имале плодни „чамче“ муабети преку „Телеграм“.

Комуникацијата пак започнала во 2015 година, уште пред т.н. шарена револуција. Истата се интензивирала кога требало да се финансираат активностите партијата, во смисла на организирање на разни протести, но муабетите стагнирале кога Заев ја превзема Владата.

Во 2017. пак, повторно започнува нова рунда на „часкање“ по „Телеграм“, во моменот кога адвокатот Александар Тумановски го контактирал Киро Тошевски со барање да остварат состанок. Се нашле во канцеларијата на бизнисменот, каде адвокатот му понудил откупна цена за земјиште кое Тошевски го поседува, а е во близина на хотелот „Хилтон“ во Скопје.

Според бизнисменот, земјиштето вреди 4 милиони евра. И тоа е чесно. Секој своето си го вреднува како што мисли. Но тоа била превисока цена за адвокатот, кој го потсетил бизнисменот дека е пратен во име на голем човек. Кога Тошевски побарал од адвокатот да го именува „големиот“ човек, тој наводно кажал – „знаеш де, човекот е брат на премиерот“. Сепак, сопственикот на земјиштето не попуштил и не го оттуѓил имотот за цена помала од 4 милиони евра.

И тогаш започнале „шемите“.

Прво добил повик од сопственикот на хотелот „Хилтон“, Ајдован Адемовски. Тој му понудил да му најде купец, но за услугата ќе треба да биде почастен пар стотина илјади евра. За таа намена му ја испратил по СМС порака и неговата банкарска сметка, за да може Киро да исплати „муштулук“.

И ова замирисало неубаво, па Тошевски се повлекол. Тогаш во играта влегол друг бизнисмен. Зоран Азманов. Овој последниот пак, во меѓувреме станал бизнис партнер со фамилијата и тоа во одгледувањето на медицински канабис. Со околу 500.000 евра Азманов си го купил мирот, вели Киро Тошевски. Мир, купен со половина милион евра инвестиција во запалена и напуштена фабрика која сега се користи како локација за одгледување на медицински канабис.

Последно вмешаниот бизнисмен набрзо сфатил дека е пион во поголема игра, но веќе било предоцна. Предоцна затоа што веќе уплатил 1.8 милиони евра на сметката на Киро Тошевски на име на позајмица, која пак е гарантирана со седум станови. Поентата е, откако Тошевски нема да ги плати овие 1.8 милиони евра позајмица која никогаш не ја побарал, извршниот налог да го платат заинтересираните – според Киро Тошевски тоа е Вице Заев – и така да се стекнат со имот вреден 4 милиони евра, за 1.8 милиони. Интересна шема, нели? Но не доволно софистицирана за старите скопски „шемаџии“.

Е сега, кога бизнисменот чиј плац е спорен во оваа шема, ги губи и последните атоми на толеранција, тогаш Заеви забораваат дека воопшто го познавале, а негираат и дека некогаш имале интерес за земјиштето на Киро Тошевски, кој пак тврди дека овие сакале таму да направат своја болница, а на тој начин да станат конуренција на Орце Камчев. Оттука, не ни чудно што се случи и „Империја“, ќе рече некој.

Но, скопскиов „шемаџија“ има квалитетна реколекција на настаните во врска со бизнисот за земјиштето, па така ќе потсети на средба која ја имале Зоран и Вице Заев со него во хотелот „Парк“ во Струмица, некаде во мај минатата година. На оваа средба, раскажува Киро, премиерот му ветил дека никој тоа нема да му го земе, па ниту ни Вице. Потоа седнале и се напиле по една, во знак на помирување.

Помирувањето никогаш не настапило….

А.Митовски

Latest News

Костовски: Спpeчeнa е продажбата на банката, некому му се брзаше

Ние сами ќе ја спасевме банката, но на некому му се брзаше. Зошто, како, при неформирана Влада, при пaндемија,...

Пpoтecт во Маџари: Граѓаните peволтиpaни, секојдневно се гyшaт во cмpдeа од дивaта дeпониja Вардариште

Попладнево жителите на Маџари пpoтeстираа пpoтив „пpeтоварната станица во Вардариште од која што секојдневно се гушaт во cмрдеа. Пpoтестираме пpoтив секојдневното нeконтролирано палење на секакви...

Тоа што власта нема пpoтокол и платформа за онлајн работа и што зaгyби речиси шест месеци откако тргна kpизата, тоа не е пpoблем за...

„Вчера беше регистриран позитивен случај на деветгодишно дете, додека пак денес инфицирaно е девојче на шестгодишна возраст.” (Кавадарци денеска, извор: Фокус) Додека власта не знае...

Костовски директно го oбвини Николче Петковски за пpoпаѓањето на Еуростандард банка

Трифун Костовски, мнозинскиот акционер во Еуростандард банка, на денешната прес коференција директно го oбвини поранешото раководство за неуспешното работење и пропаѓањето на банката. Поконкретно,...

Костовски: Случувањата со Еуростандард се сценарио, оние кои знаеле ги повлекле парите

Најголемиот акционер во „Еуростандард Банка“, Трифун Костовски денеска на прес конференција посочи дека сценариото се спремало, а тие кои знаеле од Народната банка дека...

More Articles Like This