Заев и Ципрас Примија награда која го носи името на нациcтичкиoт генерал кој во 1941 година ги нападна Југославија и Грција!

  • February 17, 2019

Синоќа, на свечената вечера на Минхенската безбедносна конференција, на премиерите на Република Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, им беше доделена главната награда на вечерта „Евалд Фон Клајст“.

Наградата им беше доделена како признание за потпишувањето на Преспанската спогодба со која премиерот Зоран Заев се обврза да ја преименува Република Македонија, а Атина дека нема да го блокира влезот на земјата во НАТО и ЕУ.

Пред доделувањето на наградата беше одржана заедничка дискусија за Република Македонија и Грција на која панелисти беа премиерите на двете земји.

Претседавачот на Минхенската конференција за безбедност, германскиот дипломат Волфганг Ишингер, по повод доделувањето на наградата на својот твитер профил напиша дека Преспанската спогодба е пример дека и навидум нерешливите проблеми имаат решение. ‘

Инаку Евалд Фон Клајси е германски врховен командант, носител на Железниот крст, кој се борел во Првата и Втората светска војна. На Балканот бил познат како командант на 22риот корпус кој бил нарекуван и Прва оклопна група и имала за задача да го води нападот на Грција.

Во март 1941 година оваа единица се дислоцирала од Софија, но ноќта помеѓу 26 и 27 март белградската влада била срушена и била поставена нова влада на чело со генерал Душан Симовиќ, поранешен командант во војската на Кралството Југославија. Адолф Хитлер одлучил истовремено да ја нападне и Jугославија и Првата оклопна група добила задача на 8ми април да нададне на релација Ниш-Белград и да го заземе Белград најбргу што може. Во тој предел биле распоредени единици на југословенскта војска, што ја отежнало мисијата.

Класт тогаш под своја команда ги имал 14иот моторизиран корпус на генерал Густав фон Витершајм(5тата оклопна, 11та оклопна, 294та пешадиска и 4та ) и 11иот корпус на генерал Јоахим фон Коцфајшим (60моторизирана дивизија и неколку помали единици .)

Југословенската 5та армија пружила жесток отпорно но тој отпор бил скршен до крајот на вечерта. На 9ти април Клајст го зазел Ниш и ѝ наредил на својата 11та оклопна дивизија да продолжи кон Белград, додека 5тата дивизија била пренасочена да ја пресече југословенската војска во Лесковац.

До 12ти април Клајст поминал скоро 200км и утрото на 13ти влегол во Белград. Иако му го препишуваат освојувањето на југословенската престолнина, помала единица на СС која ја водел капетан Фриц Клингенберг влегла во градот претходниот ден, ги ослободила заробените членови на германската амбасада и подготвила услови за капитулација на градот.

Нам ни останува да се прашаме до каде ќе оди нашето понижување од домашните и странски окупатори и зошто беа сите оние невини жртви во војните.

Ни останува да се запрашаме зошто го дозволуваме ова и какви безрбетници сме што дозволуваме претците да ни се превртуваат во гробовите, а нашите потомци да се срамат, да се одрекуваат од нас и да ни уринираат на гробовите.

Претходно «
Следно »