ЗАЕВ КАПИТУЛИРАЛ ПРЕД МИЦКОСКИ: Поранешниот директор на центарот за комуникации на СДСМ го прогласи Мицкоски за побединик!

  • July 24, 2018
  • Коментари

Поранешниот директор на центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицковски на својот Фејсбук профил истакна дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски по вчерашната лидерска средба делувал како победник. Тој повика власта да ја скрши опозицијата и да ја изгласа Државната Изборна Комисија, насила дури и по цена во процесот да го прекршат законот.

Поранешниот истакнат член на СДСМ вели дека иако сите го потценувале Мицкоски, тој извојувал победа со добивањето на пржинска влада. Во неговиот пост на Фејсбук јасно се гледа и стравот од кампањата која ВМРО-ДПМНЕ ќе ја води околу референдумот и евентуалните предвремени избори на кои ќе повикува опозицијата.

Во целата деструкција денес, Мицкоски ми делува како победник. Власта требаше да ги скрши макар кршејќи закон, да го истера ДИК на сила кога веќе опструираат.
Наместо тоа, Мицкоски на кој сите му се смееме си го доби тој хаосот наречен Пржински, и тоа лудило ќе треба да се повторува пред избори. Што добивме ние? Ништо, нови давачки за партиите, нови караници, нови поделби, нови можности наследниците на режимот утре уште повеќе да кочат и условуваат. Сега Мицкоски ќе си тера квазипатриотска кампања за референдумот, и ќе повикува на избори кога ќе му прдне на газот, напиша Ивор Мицковски на својот Фејсбук профил.

Претходно «
Следно »