September 21, 2020, 4:00 pm

ЗАЕВ: Кога жените гyбaт – сите гyбимe

Поврзано

ВМРО-ДПМНЕ е најбројна пратеничка група во Собранието на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ е пратеничка група со најголем број на членови во македонското собрание. СДСМ се избори за мнозинство од како...

Порака од ЕУ за Македонија: Владeeњето на пpaвото ќе биде клучно во пpиcтaпните пpeговори за члeнcтвo во ЕУ

Новиот амбасадор на Европската Унија во Македонија, Дејвид Гер, при предавањето на акредитивните писма на претседателот Стево Пендаровски, порача...

Дачиќ со реакција на барањето на Македонија до Вселенскиот патријарх

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, по повод барањето на претседателот на Македонија до Вселенскиот патријарх...
- Advertisement -

Претседателот на Владата се обрати на отворањето на дводневната меѓународна конференција „Жени во индустрија: Лидерите ја унапредуваат родовата еднаквост”, организирана од страна на Инженерска институција на Македонија и ЕВН Македонија.

Ми претставува посебна чест што по трет пат по ред сум поканет да се обратам на оваа исклучително важна конференција. Нејзината цел подигнување на свеста за важноста на родовата рамнотежа во бизнис заедницата и индустријата, идентификувајќи стратегии и програми за еднакви можности во индустријата, со потенцирање на економскиот императив за создавање родов инклузивен и одржлив раст, е во суштината на политиките за родова еднаквост на Владата на Република Северна Македонија, рече Заев.

Тој потсети дека земјава како членка на меѓународната заедница е обврзана да ги спроведе потребните мерки за да ги оствари Целите за одржлив развој на ОН до 2030 година.

Тоа се однесува на ставање крај на сиромаштијата, на ставање крај на гладувањето и на постигнувањето на пристап до здрава храна, на обезбедување здрав живот и благосостојба за сите, на пристап до инклузивно и еднакво квалитетно образование за секого, за родова еднаквост и за охрабрување на жените и девојките во остварувањето на нивните права, за промовирање на инклузивен и одржлив економски раст со еднакви шанси за вработување и за пристојно и еднакво платена работа за сите.

Ниту една од овие цели нема да се оствари ако не ги вклучи жените и девојките.

Јас денеска сакам да зборувам за тоа: Сите ние треба да го дадеме најдоброто од нас и нашиот придонес за остварување полната, безусловна еднаквост на жените и девојките. Нема да запреме додека целосно не ја анулираме разликата во вредноста на трудот меѓу мажите и жените. Нема да запреме со спроведувањето на политиките за родова еднаквост додека не обезбедиме дека девојките и жените имаат апсолутно еднакво право да напредуваат во нивните работни кариери и да бидат избирани на највисоки работни позиции. Нема никаква причина да биде поинаку. Намалувањето на родовиот јаз во платите, на макроекономско ниво, може да придонесе за поголем економски развој. Кога жените губат – сите губиме. Затоа треба да биде јасно: Економското зајакнување е одговорот на многу од прашањата со кои се соочуваат девојките и жените.

Економски силни девојки и жени полесно ќе се справуваат со сиромаштијата, со насилството и дискриминацијата, со остварување на нивното природно право да бидат еднакви во изборот на работни места и на нивното право да бидат на раководни позиции. Да не заборавиме: Кога се залагаме и кога градиме подобар свет за жените, всушност градиме подобар свет за сите. Овие промени треба да ги направи нашата генерација. Зошто би им го препуштиле остварувањето на овие благородни цели на некои други генерации.Тоа се наши цели, и тоа треба да биде наше достигнување, истакна Заев.

Latest News

ВМРО-ДПМНЕ е најбројна пратеничка група во Собранието на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ е пратеничка група со најголем број на членови во македонското собрание. СДСМ се избори за мнозинство од како...

Виленското ракче: Постои само во Македонија и никаде во светот

Од суштинско значење е богатиот животински и растителен свет во нашата земја. На толку мал простор имаме многу природни реткости, што скоро и да...

Му пронашле цел apceнал: Скопјанец оcoмничен за тpговија со opyжје

Одделот за cузбивање на организиран и сериозен kpиминал при БЈБ поднесе kpивична пpијава против А.Љ.(31) од Скопје, поради постоење оcнови на coмнение за сторено...

Порака од ЕУ за Македонија: Владeeњето на пpaвото ќе биде клучно во пpиcтaпните пpeговори за члeнcтвo во ЕУ

Новиот амбасадор на Европската Унија во Македонија, Дејвид Гер, при предавањето на акредитивните писма на претседателот Стево Пендаровски, порача дека владеењето на правото ќе...

Дaнcки експepт: Шведска ja пoбeди епидемиjaта на Koвид-19

Еден од водечките дански епидемиолози, Ким Снепен, проценува дека епидемијата на корона вирус во Шведска веројатно е сузбиена, иако имунитетот на населението сè уште...

More Articles Like This