December 4, 2021, 5:25 pm

Заев: Куманово повторно ќе држи лекции, сочувајте го социјалдемократскиот дух на Куманово, да гласаме за број 12 за Оливер Илиевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Куманово и на овие избори ќе одржи лекција по социјалдемократија, по прогресивност и секако по обединување и ќе даде пример за целата држава”, порача вечерва од Куманово претседателот на СДСМ Зоран Заев на средби со граѓани во населбата Гоце Делчев и Диво Насеље.

„Во овој четиригодишен период во Куманово е инвестирано над 120 милиони евра и на тој начин му се оддолживме на Куманово затоа што 11 години државата го игнорираше овој град. Сите оние проекти што ги реализиравме, реконструкција на регионалните и локалните патишта, Соколаната, Ургентниот центар, водоводите и канализациите, се тоа е еден траен белег за тоа колку централната власт води грижа за Куманово. И дефинитивно Куманово тоа го заслужува”, истакна Заев.

Претседателот Заев пред присутните се осврна на досега спроведените проекти во Куманово и побара поддршка за Оливер Илиевски за Куманово да биде во вистинските раце.

„Со нас знаете на што сте, со нас сте на чисто. Голема е разликата меѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ. Ние за четири години сите плати во просек ги покачивме за 6.000 денари, ВМРО-ДПМНЕ за шест години ги покачија само за 1.700 денари. Ги покачуваме пензиите постојано, а од следната година со новата методологија на усогласувањето, пензиите ќе растат меѓу 400 и 600 денари и тоа секој први јануари и секој први јули. Покажавме дека има пари за се во државата само треба да се работи одговорно и домаќински. Успеавме и во време на пандемија да расте просечната плата и да се намалува стапката на невработеност. Вие отсекогаш сте се бореле, ве повикувам да продолжите да се борите, обединете се да го сочувате социјалдемократскиот дух на Куманово, да ги сочувате единството и сплотеноста, Борбата продолжува, за вашето и наше Куманово, да се обединиме напред да гласаме за број 12 за вистинскиот социјалдемократ Оливер Илиевски“, повика Заев.

Latest News

Таравари нема намера да му се извини на Заев за изјавата дека премиерот нудел пари на пратеничка од Алијанса за да премине во власта

Гостиварскиот градоначалник и генерален секретар на политичката партија Алијанса за Албанците, Арбен Таравари нема намера да му се извини...

More Articles Like This