Заев кoнтpa Филипче: Плаќани се авaнcни гapaнции за набавка на вakцината на „Cинофapм“

Поврзано

- Advertisement -

Во времето кога имавме сериозен предизвик од целата наша јавност, вклучително и опозицијата, но и сите други во државата, правевме напори на сите страни да обезбедиме вакцини, вели Заев.

Со десетици фирми е разговарано. Плаќани се авансни гаранции. Авансот со кој во обезбедување на вакцината на „Синофарм“ прво се обидовме, секако дека е вратен, а деталите за тоа може да ги даде министерот за здравство, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинатско прашање за обвинувањата од опозцијата околу набавката на кинеските вакцини и враќањето на авансот што бил уплатен.

Верувам, посочи премиерот, дека постои постапка за декласификација на сите документи, и тоа треба да го знаат граѓаните.

-Цените се познати за сите во светот кои ги набавуваат вакцините, сите останати држави на европскиот континент и во соседството и во светот. Тие се истите цени и кај нас. Ако постои механизам за декласификација ние ќе го направиме тоа како Влада односно соодветните институции за да може министерот за здравство да ги објави сите детали. Имавме напори одредени аванси да се платат да се изгарантираат комплетно, но во меѓународното плаќање сето тоа се знае како се регулира. Ако се испорачаат нарачките, тогаш и плаќањето се спроведува. Тоа е само по себе доказ дека сме правеле се за час поскоро да ги набавиме вакцините, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања откако се вакцинираше на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

Потенцира дека може апсолутно да потврди дека одлуките не ги носи ниту правниот сектор на министерот Филипче, ниту министерот Филипче, ниту Заев, ги носи Владата согласно сите информации кои стојат на располагање, согласно соодветните моменти на набавки на вакцините.

Многу компании не се согласија да ни продаваат, кинеските компании не ни одговараа на повиците. Нема таква исплата на аванс од 12 милиони евра. И тоа го проверува ДКСК, ние сме отворени и транспарентни, немаме што да скриеме. Самата Кина ни рече дека мора да се фати друг пат. Не станува збор за провизии и за разлики. Еднаш не обвинувате дека не сме ја менаџирале кризата, а сега зошто бараме вацини, изјави неодамна министерот за здравство Венко Филипче.

Latest News

Cyдcкa oдлyкa пpoтив „AcтpaЗeнeкa“ зa нeиcпopaчaнитe вakцини

Првостепениот суд во Брисел денеска одлучи дека фармацевтската компанија Астра Зенека има рок до 27 септември да ги испорача...

More Articles Like This