ЗАЕВ МУ ВЛЕЗЕ НА БЕЈЛИ ВО КОНТРА: Поради Командант Хоџа, Заев влезе во контра-аргументација со човекот кој го донесе на власт

  • May 9, 2018

Зоран Заев одговори на реакцијата на амбасадата на САД за поставувањето на Љубе Бошковски и Џезаир Шакири познат како командант Хоџа, за негови советници

 

-Видов неколку коментари коишто излегоа веројатно и пиар-службите дадоа таков одговор, Бошковски и Шаќири беа од различна страна на нишаните, сега работат за својата Република Македонија. Ако вака гледаме на работите, сите можеме да бидеме малку порастоварени и да знаеме дека шанса заслужува секој во Македонија. Некој ќе каже, добро, има многу луѓе што чекаат шанса, јас верувам дека секој ќе ја дочека својата шанса. Само при вакви околности луѓето ќе продолжат да бидат мотивирани да останат овде, да работат, да гледаат семејства овде, да чекаат внуци овде, тоа е конечната цел, да направиме пријатно општество во коешто ќе биде вредно да се живее, рече Заев.

На новинарско прашање дали командант Хоџа би можел да добива и безбедносни информации, Заев одговори негативно.

-Нема, советниците не добиваат сертификати за класифицирани информации или безбедносни информации, секако дека не. Генерално се работи за лице, како што реков, во коешто верувам дека треба да се даде инклузивен момент, да му се даде шанса на секој во оваа наша Македонија. Јас верувам во едно општество за сите. Ова лице има информации, во минатото се покажало дека ја знае состојбата на целиот терен со северната граница на Македонија, со северниот појас на Македонија и јас верувам дека може да помогне, рече Заев и напомена дека се работи за ангажман од една година.

Тие ангажмани, рече тој, ќе покажат дали некој ќе даде резултати или не. „Секако доколку не даде резултат, јас останувам да дадам помош или што било и на други места да работат“, рече Заев.

Инаку американската амбасада вчера реагираше на поставувањето на командант Хоџа и брат Љубе за советници на премиерот.

-Ние ја пренесуваме нашата загриженост до владата каде што гледаме проблеми со назначените функционери.
Американските официјални лица не се исклучени од постапувањето со лица што се наоѓаат на листата на блокирани луѓе. СДН листата е важна алатка што се користи за блокирање на имот и ограничувања при патување со цел да се обезбедат целите на американската надворешна политика и национална безбедност, велат од амбасадата на САД.

Претходно «
Следно »