ЗАЕВ МУ ГО КОПАШЕ ГРОБОТ НА БРАНКО: Во 2013-та Заев позади грбот на Бранко правеше тајни листи за истапување на избори!

Поврзано

„Не може да имаме држава, се додека не се открие pекетот и kриминалот кој се става под тепих“

Не може да имаме држава ако овие работи стојат под тепих и не може да имаме функционална држава ако...

Мицкоски: Ќе покажеме дека сме различни

Во гостување во емисијата Заспиј ако можеш, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски рече дека СДСМ цело време збори за...

Мицкоски: Димитров зборува за правда, а во исто време е слуга на човекот кој има две амнестии

Јас чувствувам кај господинот Димитров нервоза уште од самиот почетокот на кампањата. Тој влезе во кампањата со навреда за...
- Advertisement -

Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, во интервју за „Република“ тврди дека Зоран Заев им работел зад грбот на своите сопартијци пред локалните избори во 2013 година. Јакимовски, кој повеќе од една година јавно побара од Заев да го објави нивниот разговор од 16 февруари 2013 година, веднаш по неговата кандидатура за градоначалник за Карпош, спротивно на одлуката на тогашното раководство на СДСМ, конечно откри за што зборувале овие тогашни сопартијци:

stevco_miting

-Беше воодушевен од мојата постапка, дека се гордее со мене што сум негов партиски колега, се гордее на мојата храброст и дека не може да го разбере тоа лудило што постои во Социјалдемократскиот сојуз и нивните одлуки. Сега парафразирам, други детали нема да откријам, тоа е јасно. Инаку, мора да знае Социјалдемократскиот сојуз дека јас до 18:45 часот на 16 февруари 2013 година бев максимално лојален и Зоран Заев и Зоран Дамјановски веќе имаа подготвено алтернативни градоначалници, кандидати и алтернативни листи кои требаше да излезат на изборите зад кои, наводно, тајно или полутајно ќе застанат членовите на Социјалдемократскиот сојуз. Таков однос кај мене немаше тогаш кога одлучив да одам и одлучив да излезам да се кандидирам без претходно да ѝ работам зад грб на сопствената партија, тие ѝ работеа зад грб на сопствената партија и сите тие се согласуваа со мојот потег, но, очигледно, храброста што ја имав јас, тие ја немаат. Јас морам да кажам дека никогаш не сум бил дел од проблемите. Јас не сум ги создавал проблемите, туку, напротив, сум бил дел од решенијата, открива Јакимовски.

Токму поради кукавичлукот на Заев што го покажал во тоа време, Јакимовски се чуди на сегашната негова храброст да го прави ова што го прави со странските служби.

-И во 2013 година јас бев дел од решенијата, а тоа значи да се излезе на избори и кога Заев тогаш немаше таква храброст каква што имав јас се чудам како има храброст денес да го прави ова што го прави со странските служби, со „чадорот“, со објавувањето на прислушуваните материјали, со тезите за сопствениот народ, со давање за право на сите што не се сложуваат со Македонците, а не се сложуваат по најбитните прашања. Со едните сме во конфликт затоа што не ни го признаваат идентитетот, другите не ни го признаваат јазикот, третите не ни ја признаваат црквата. Јас не можам да разберам како тоа другите биле криви, а ние сме биле во право. За да бидат другите во право, како ќе направиме, ќе кажеме не, црквата не е македонска православна црква, туку ќе бидеме под јурисдикција на српските владики, Вранишковски ќе биде македонски владика? Ќе кажеме дека јазикот не е македонски, туку е некој друг или, пак, ќе кажеме дека не сме Македонци, односно ќе ни кажат тие како е вистинското име на нас Македонците за да, нели, бидат комшиите во право, односно да бидеме ние во криво, ако бидеме еве барем да ги задоволиме потребите на комшиите. Обврската на првиот ешалон на политичари е да внимаваат што зборуваат особено кога во етерот зборуваат работи што се однесуваат и имаат влијание врз соседните земји. Јас сум длабоко убеден дека Зоран Заев подготвува терен за после изборите, се обидува да им се додвори на комшиските влади имајќи предвид дека по тешкиот пораз што ќе го доживее на 11 декември, му следува судски процес, претпоставувам дека сака да ја добие нивната благонаклоност и евентуално можен притисок за тоа каква ќе биде разрешницата со неговите судски процеси овде во Македонија, вели градоначалникот на Карпош.

1 коментар

Latest News

Мајката на Пино нeзaдoвoлнa од пpeсудeнaтa кaзнa од 19 години – Eве што бара за Ангела

Мајката на убиениот Пино Секондо, Маја Трпковска, смета дека пресудената затвроска казна од 19 години за соизвршителката Ангела Ѓорѓиевска...

Пред 69 години на Голи Оток пoчинa Панко Брашнаров – Првиот претседател на Заседанието на АСНОМ

На денешен ден во 1951 година на Голи Оток, во таканаречената „болница на работилиштето – мермер“, умрел Панко Брашнаров, македонски национален деец, народен учител,...

Цените pипнaa – Од утре бензините и дизелот со нова повисока цена

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53%, во однос на малопродажните цени на нафтените...

Новата нормалност, нajлоши на Балканот и 2,5 пати пoлoши од светскиот просек по cmpтнос од Koвид 19

Статистиката на „worldmeters.info“ покажува дека Македонија споредено со земјите од регионот има најлоши бројки во однос на заразени и починати. Според податоците за заразени на...

Туризмот во Македонија пoлoш од било кога – Само 838 туристи, 99,2 отсто помалку од лани

Во мај годинава земјава ја посетиле 838 туристи што е 99,2 отсто помалку во однос на истиот месец лани. Како што соопшти Државниот завод...

More Articles Like This