ЗАЕВ НАЈАВИ ЛИДЕРСКА СРЕДБА ЗА УТРЕВЕЧЕР: Надминување на разликите со опозицијата околу подготовките за референдумот

  • July 17, 2018
  • Коментари

Премиерот Зоран Заев од денешната прес конферецијата со еврокомесарот Јоханес Хан најави дека денеска почнуваат консултациите за свикување нова лидерска средба за надминување на разликите со опозицијата околу подготовките за референдумот, што ќе следи во Република Македонија.

– Сите треба да останеме посветени на овој момент, да помогнеме на овој процес, како што укажа еврокомесарот, пред се за доброто на граѓаните на Република Македонија, но и на нашите партнери во ЕУ, и затоа најверојатно утревечер ќе свикаме лидерска средба за да ги забрзаме процесите околу подготовката на РМ за престојниот референдум.

Шефот на опозицијата, Христијан Мицкоски, како што објасни Заев, во четврток требало да патува, па затоа лидерската средба ќе се договара за утревечер.

Претходно «
Следно »