ЗАЕВ НАЈАВИ ОТПИШУВАЊЕ НА ДОЛГОВИТЕ ЗА СТРУЈА НА ГРАЃАНИТЕ: Владата во преговори со ЕВН и ЕЛЕМ за покривање на долг од 110 милиони евра!

  • February 1, 2019

Премиерот Заев на трибината „Силна економија – шанса за сите“ во Охрид соопшти дека Владата на Република Македонија има прогрес во преговорите со ЕВН и ЕЛЕМ за бришење на долгови за струја настанати до 2006 година за 200.000 граѓани и семејства кои се заглавени во лавиринт со проблеми од извршители и блокирани сметки.

-Разгледавме ситуација за стари долгови за струја до 2006 година за 200.000 семејства и граѓани кои се заглавени во вакви лавиринти на извршители и блокирани сметки. Овие денови сме во длабоки преговори, волјата денеска можам слободно да ја соопштам, кога правно формално ќе го потпишеме договорот јавно ќе соопштиме. Но, волјата од Владата за преземање на своите дејствија е нотирана, и од ЕЛЕМ како партнер во производството на струјата е потврдена, и волјата на ЕВН како приватна компанија исто така е потврдена. Намерата е да избришеме долг на граѓаните од 110 милиони евра. Тоа се огромни пари и ќе биде големо олеснување за граѓаните. Сите мерки коишто ги спроведуваме се во насока на било кој начин да вбризгаме пари кај граѓаните. – порача премиерот Заев пред многубројните граѓани од Охрид кои присуствуваат на трибината.

Претходно «
Следно »