ЗАЕВ НА ПРИЕМ ВО БЕЛАТА КУЌА: „Инфомакс“ ексклузивно дознава – Зоран Заев поканет на состанок со Доналд Трамп во Вашингтон

  • October 7, 2019

Премиерот Зоран Заев во втората недела од ноември ќе има состанок со претседателот на САД Доналд Трамп, ексклузивно дознава „Инфомакс“ од извори во Стејт Департментот, и тоа веднаш по посетата на државниот секретар Мајк Помпео

 

Приемот на Заев во Белата Куќа најверојатно е договорен на Генералното Собрание на Обединетите Нации, а темите на разговорот засега, за „Инфомакс“ не ги откриваат, но со оглед на ситуацијата во која се наоѓа Македонија, најверојатно ќе се разговара за Преспанскиот договор и понатамошната интеграција на државата во НАТО.

Минатиот викенд во Македонија за прв пат по 18 години на македонска почва стапна американски државен секретар, а по Колин Пауел, Мајк Помпео беше вториот кој ја посети Македонија.

Претходно, владина делегација присуствуваше на ГС на ОН, а Зоран Заев со неговата сопруга Зорица во едно непристајно протоколарно издание присуствуваа на приемот организиран од Трамп.

Во текот на претседателската кампања во САД, СДСМ и Зоран Заев навиваа за против-кандидатката на Доналд Трамп, Хилари Клинтон.

Претходно «
Следно »