ЗАЕВ НА СРЕДБА СО МЕРКЕЛ: Утре во Берлин, Заев ќе се сретне со Меркел и Штајнмаер

  • February 20, 2018
  • Коментари

 Зоран Заев утре во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.

Средбата е во рамки на официјалната посета на владина делегација предводена од Заев на Германија.

По средбата, како што соопшти владината прес-служба канцеларката Меркел и Заев ќе имаат заедничка прес – конференција.

За време на посетата во Берлин Заев е предвидено да се сретне и со претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер. Заев ќе има и обраќање во централната канцеларија на Фондацијата „Фридрих Еберт“.

Првата билатерална средба на  Заев со германската канцеларка Меркел се одржа во Трст, во јули, лани, на маргините од Самитот „ЕУ – Западен Балкан“. Меркел тогаш искажа поддршка за новата македонска Влада за одлучноста за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ.

Претходно «
Следно »