December 4, 2021, 5:12 pm

Заев: Нема да дозволиме никој да ѝ го ykpaде европскиот дух на Гевгелија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гевгелија, нема да дозволиме никој да ѝ го украде европскиот дух и да ја врати во времето на барокот, некаде во минато време. Гевгелија, којашто е со отворени порти кон Европа, знам дека нема да дозволи режимот да се инсталира во градот и налик на Скопје, да ви донесат бикови, шмизли, лавови, а вас граѓаните да ве затворат со изолација, во мрак! рече Заев вечерва од Гевгелија заедно со кандидатот за градоначалник Сашо Поцков.

Но не одат заедно другари: режим и демократија, европски вредности и режимски методи на владеење.

Обединети – напред е единствениот концепт, којшто во себе го носи капацитетот да го остави режимот конечно во минатото, таму каде што му е местото, а да го осигура прогресот на државата и граѓаните. Обединети – напред е единствениот гарант за спокоен и квалитетен живот на секој човек во нашата, заедничка држава, Република Северна Македонија.

Тука сум, заедно да потврдиме дека продолжуваме по патот којшто носи прогрес за сите. Тоа е можно, ако дадете поддршка за уште еден градоначалнички мандат на Сашко Поцков! Сашко ја има мојата поддршка, ја има поддршката на Социјалдемократскиот сојуз и ја има поддршката на коалициските партнери од коалицијата Обединети – напред.

Latest News

Бајден за црвените линии на Путин: „Не признавам ничии црвени линии“

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека не ги прифаќа „црвените линии“ кои ги спомна рускиот претседател Владимир Путин во...

More Articles Like This