ЗАЕВ НЕ СЕ ПРАШУВА: Дураки изјави дека Ахмети си одлучува за кадрите од ДУИ!

  • May 10, 2019

Министерот за животна средина Садула Дураки, кој се споменува како еден од потенцијалните владини функционери што ќе бидат опфатени со кадровската чистка што меѓу двата изборни круга ја најави Зоран Заев, порачува дека ДУИ одлучува за своите кадри.

-Ние како ДУИ сме коалициски партнер со СДСМ и ние не сме во заеднички чадор со СДСМ. Имаме наше раководство и лидер на партијата, Али Ахмети. Тој заедно со централното претседателство и генералното претседателство одлучува за сопствениот кадар. Никогаш ДУИ не дозволил некој да се меша во внатрешните работи на ДУИ, но и коректно е дека ние не сме се мешале во другите партии – рече Дураку за ТВ 21.

Претходно «
Следно »