Заев нaмecтo co пpoeкти влaдee co плaќaњe кoнцecии, cтoп зa пoпиcoт кoj ќe бидe фaлcификaт

Поврзано

Заев цeлосно ја ykинува позицијата на Шекеринска

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев планира целосно да ја укине позицијата заменик-претседател на партијата што во моментот ја извршува...

Мизрахи: СДСМ и власта нека си погледнат во дворот и нека се запрашаат зошто мнозинството е такво какво што е

Во вечерашното издание во емисија „Патот кон" на ТВ Алсат М гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи...

Први сме по cмpтнocт, последни по имyнизација: Албанската опозиција бара остaвки од Венко Филипче и Илир Хасани

Следејќи го темпото на вакцинација на населението во Македонија и споредувајќи го тоа со европските земји, дури и оние...
- Advertisement -

СДСМ и Заев не сакаат попис според европски стандарди и ЕУРОСТАТ регулативи, туку сакаат фалсификат попис со што би се исполниле нечии политички концесии, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека власта на чело со СДСМ и Зоран Заев во Собранието на шверцерски начин, со европско знаменце протнале закон за попис на населението и домаќинствата, спротивен на европските стандарди и регулативите на ЕУРОСТАТ.

-И се на штета на граѓаните на Република Македонија, за која подоцна СДСМ и нивните партнери ќе треба да одговараат. СДСМ и Заев не сакаат попис кој што ќе биде признаен од сите фактори во државата, туку сакаат нереален попис – попис според она што се договарал со своите коалициони партнери. Според тоа, Заев на сила протурка закон во Собранието без јавни дебати и дискусии и од обична статистичка операција, пописот на населението и домаќинствата го претвори во политичка операција. Јавноста е сведок за тоа како, иако пописот се уште не спроведен, се лицитира со бројки, проценти и конечни резултати. Тоа е доказ дека СДСМ и Заев не сакаат статистички попис како во секоја нормална европска држава, туку сакаат попис со што би се исполниле нечии политички концесии. Тие во Собрание изгласаа закон за нереален попис, без претходно утврдена методологија. Попис кој нема да потврди кој е резидент, односно жител во Македонија, а кој не е и е само државјанин на Република Македонија. И сето тоа само дополнително ќе создаде конфузија и ќе даде искривена слика за статистичката состојба во државата. ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе собира потписи за укинување на овој озаконет фалсификат, се со цел носење на реален закон за попис на населението, закон кој ќе биде според сите европски стандарди и ЕУРОСТАТ регулативи, се наведува во соопштението на партијата.

Latest News

Сeрија зeмјотреси во Грција нaјсилниот 4,1 степен

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва ја потресе Грција, јавуваат локалните медиуми. Според порталот „Flash.gr“, Обединетата...

More Articles Like This