ЗАЕВ ПАК ЛАЖЕ: Сметките за струја застаруваат за една година, зошто државата ќе му префрла 110 милиони на ЕВН?

  • February 2, 2019

Владата наводно ќе ги части граѓаните, кои со години не ги подмирувале сметките за електрична енергија,бришејќи им ги милионските долгови. На трибина во Охрид Премиерот Заев обзнани дека Владата, ЕЛЕМ и ЕВН ќе ги избришат долговите за струја во вкупен износ од 110 милиони евра на 200.000 граѓани и семејства. Со оваа мерка ќе бидат опфатени неплаќачите на струја кои наместо да ги платат, сметките за струја им собирале прашина до 2006-та година,за што им биле бликирани трансакционите сметки.Поради тоа тие биле заплеткани во лавиринти, а сега желбата на Владата било колку што можело да им се помага на граѓаните со вакви мерки.

Ова е класична предизборна мерка, а воглавно манипулација со која Заев се надева дека ќе успее да купи некој глас повеќе особено кога се работи за албанските гласови, бидејќи најголем број на неплатени побарувања ЕВН има во неколку етнички албански средини. Ваквата мерка е уште еден директен удар врз ДУИ по војната која Царовска им ја објави на јавна сцена обелоденувајќи го скандалот со ПИОМ. ДУИ како резултат на превирањата во коалицијата и проблемите кои им ги создава Заев и покрај најавите за консензуален кандидат решија да настапат самостојно на претседателските избори.

Сепак пред се Зоран Заев повторно манипулира и ја лаже македонската јавноста бидејќи според член 367 од Законот за облигациони односни за една година застаруваат:

– побарувањето на надомест за испорачана електрична и топлотна енергија, гас, вода, за оџачарски услуги и за одржување на чистота, кога испораката, односно услугата е извршена за потребите на домаќинството;

Токму овој член од Законот за облигациони односи го отвора прашањето по кој основ Заев ќе ги префрли 110-те милиони евра на приватна компанија, кога долговите за кој тој говори веќе се застарени? Дали ова е уште еден бонбона бизнис на СДСМ и фифти-фифти зделка со ЕВН.

Претходно «
Следно »