Заев покажува знаци на слабост штом игра по нотите поставени од опозицијата

Поврзано

HoB ckaHдал:Се појавува нов „Рашковски“, овој пат во Градот Скопје воден од Шилегов

Нов скандал на мафијата овој пат сомнежите се свртени кон тендер на мрзеливиот Петре. Очигледно на повидок е нов...

Османи ги пpeтcтaви пpвитe чeтиpи eкoнoмcки coвeтници кoи ќe бидaт yпaтeни вo Варшава, Минхен, Анкара и Абу Даби

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска во рамки на исполнување на предвидените активности кои произлегуваат од мандатна мисија,...

Утре пoвтopнo oбид зa дeблokaдa нa Coбpaниeтo

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа за во недела пленарната седница на која треба да се изгласааат петтиот...
- Advertisement -

„Тоа што на мала врата на сила протуркува во Собрание гласање за недоверба на Владата, ограничувајќи ја јавната дебата никако не е израз на неговата сила, туку е доказ за неговата огромна слабост, но и недоверба во мнозинството кое многу лесно ќе го загуби“. Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откако Зоран Заев попладнево побара од пратенциите да се изјаснат за доверба на Владата.

Заев кажа дека според Уставот и собранискиот деловник, премиерот има право усно да побара гласање доверба на Владата.

Инаку Заев е единствениот кој после половина година власт повика гласање на доверба на својата власт бидејќи нема верба во коалиционите партнери.

-Ред е да се соочиме и расчистиме, да го видиме на дело толку најавуваното мнозинство од опозицијата која наводно ќе ја падне оваа влада. Ова е моментот кога ќе покажеме пред граѓаните колку има вистина од опизицијата, да видиме за што станува збор-стабилна власт со стабилно мнозинство или разнишана опизиција. Мора да е едното од двете ако не и двете заедно, рече Заев пред пратениците.

Нагласи оти нема да дозволат неизвесност, несигурност, сопки, блокади и оптрукции.

-Во име на вистината ја преземам одговорноста и обврската пред граѓаните согласно Уставот и деловникот на Собранието да побарам изјаснување на Собранието за доверба на владата, заклучи Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е убеден дека мнозинството на Заев е на стаклени нозе и дека владата брзо ќе падне. Со неговите настапи го натера Заев да почне да се правда и пред јавноста и пред себе.

Но, Мицкоски му посочи на премиерот дека ништо не го спасува од паѓање на Владата, а Заев покажува знаци на слабост штом игра по нотите поставени од опозицијата.

Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓани со мачнина го гледаат ова денешно препелкање на Заев во Собранието. Јас ќе речам, бидете спокојни. Најдоброто за нашата земја допрва доаѓа, посочува Мицкоски.

„Заев е мафијаш, тоа е дел од неговиот карактер. Тоа што на мала врата на сила протуркува во Собрание гласање за недоверба на Владата, ограничувајќи ја јавната дебата никако не е израз на неговата сила, туку е доказ за неговата огромна слабост, но и недоверба во мнозинството кое многу лесно ќе го загуби.

Тоа што ја користи состојбата на мојата изолација поради заразата со ковид вирусот, сакам да знаете дека не го спасува од паѓање на Владата. Вака ќе купи уште некој ден живот на Владата приклучена на апарати за дишење, но исто како и мојата ковид зараза тие денови ќе поминат.

А тогаш повторно ќе се постави прашањето за доверба на Владата, при што сите негови актуелни закани, уценувања и притисоци врз пратеници ќе паднат во вода, и ден потоа Заев нема да биде премиер. Се гледаме наскоро“, порача Мицкоски.

Latest News

Двојни стандарди на Мaричиќ: Кога обичните луѓе пpekpшуваат кapaнтин, 2000 евра kaзна, кога СДСМ го прави тоа, се нарекува херојски чин

Министерот за правда, Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил го поздрави, како што вели тој херојскиот чин на пратеничката...

More Articles Like This