ЗАЕВ: Преговорите можеле да одат паралелно со реформите во ЕУ

Поврзано

67 НОВИ ЗАРАЗЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Еден починат, хоспитализирани 6 нови пациенти

Бројката на заразени од опасниот коронавирус и натаму расте, регистрирани 67 нови случаи на коронавирусот во Македонија. Еден е...

НА „ЗАРАЗНА КОМИСИЈА“ КОНЕЧНО ИМ ТЕКНА: Препорачува масовно тестирање во Скопје, Тетово, Штип и Липково

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести одлучено е да се препорача масовно тестирање во Скопје, Тетово, Штип...

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА: Вилма не ме мрази туку ми љубомори, ама ако нека пукне

Дека е прљав играч, дека е злобен може да кажам. Орце се заебал, мене не можеше да ме купи....

Зоран Заев очекува дека ветувањето за јасна поддршка за старт на преговорите во октомври оваа година ќе биде исполнето и оти земјава ќе добие датум за нивно започнување. Реформите во ЕУ, смета тој, можат да бидат паралелен процес со процесот на проширување со земјите од регионот.

-Таквата одлука ќе ја потврди кредибилноста на ЕУ во регионот и ќе биде препорака за земјите со кандидатски статус да ги продолжат реформите за остварување на европските стандарди и за да се охрабрат политиките што ќе им донесат просперитет, демократија и стабилност во регионот. Ја разбираме и ја поддржуваме дебатата за реформи во ЕУ, но убедени сме дека тој процес може да оди паралелно со процесот на преговори и за проширување со земјите од регионот, истакна во своето обраќање премиерот Заев за време на работниот појадок на Самитот за Западен Балкан во Познањ.

Заев потенцира и дека посветеноста кон проширувањето ќе потврди дека регионот е од стратешки интерес за ЕУ, и оти со тие политики ќе се минимизираат интересите на трети страни.

Заев, соопшти владината прес-служба, денеска ги почна своите активности од програмата на шефовите на влади на Самитот за Западен Балкан во рамките на годишната конференција која оваа година се одржува во Полска која претседаваше во изминатите 12 месеци со Берлинскиот процес за земјите од регионот, како платформа за европски дијалог и соработка за поддршка на политиката на проширување на ЕУ со земјите од регионот.

Заев и другите шефови на влади учесници на самитот, ги пречека премиерот на Република Полска Матеуш Моравјецки, по што заминаа на работен појадок.

-За време на оваа работна сесија од форумот на шефови на влади на земјите од Западен Балкан, премиерот Заев се заблагодари за претседавањето на Република Полска со Берлинскиот процес, во период во кој е направен напредок во регионот и во период кога Република Северна Македонија ги оствари сите препораки на Европскиот Совет од јуни 2018 година, по што следуваше досега најсилната и безусловна препорака на Европската Комисија земјата да ги отпочне преговорите за членство со ЕУ, се додава во соопштението од владината прес-служба.

ЗОРАН ЗАЕВ

Актуелно

67 НОВИ ЗАРАЗЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Еден починат, хоспитализирани 6 нови пациенти

Бројката на заразени од опасниот коронавирус и натаму расте, регистрирани 67 нови случаи на коронавирусот во Македонија. Еден е...

(Видео) ПОЧНА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО АМЕРИКА?!: „Падна Рим“, им се удри ли нивниот камен од глава?!

Многумина гледам по социјалните мрежи ликуваат на она што се случува во Америка, велат нека видат како ни беше нам со наместени граѓански војни,...

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА: Вилма не ме мрази туку ми љубомори, ама ако нека пукне

Дека е прљав играч, дека е злобен може да кажам. Орце се заебал, мене не можеше да ме купи. Може некој друг може да...

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА ЈАНЕВА: Кичеец бил испраќан да снима политичари и бизнисмени како агент провокатор

Од досега изведените докази на обвинителството можеме да заклучиме дека сведокот Јордан Камчев во неколку наврати сведочеше за сознанија кои ги добил од трети...

НАЈKPИТИЧНО ВО ЧАИР: Состојба по населби во Скопје

Од вкупно 89 новозaболeни од Ковид-19 на целата територија на Македонија, 35 се од подрачјето на град Скопје. Распоредено по населби статистиката е следна: Чаир –...

Повеќе вести