ЗАЕВ ПРИФАТИЛ И БРИШЕЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ: Со „платформата“ СДСМ прифатиле и „интегрирано гранично управување“ заедно со Косово и Албанија!

  • March 2, 2017

Освен прифатените „решенија“ за двојазична држава, двојазични валути, промена на името, химната, грбот и знамето, Заев во рамки на албанската платформа прифатил и „интегрирано управување на границите“ со Албанија и Косово

granica-makedonija

Според советничката на екс-премиерот Георгиевски, Емилија Гелева се работи за класичен обид за бришење на границите со концепт оригинално презентиран од НАТО во 2001-ва.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]emilija_gelevaОна што досега не слушнавме во македонските гласила е дека една од седумте главни точки на „тиранската платформа“ е и барањето на Албанците за создавање „интегрирано гранично управување“ на границите со Косово и Албанија, што е всушност обид за елиминирање на границите и за правење Голема Албанија. Оригинално ова е концепт на НАТО од април 2002 година што тие сакаа да биде преточен во декларација на една нивна замислена регионална конференција за безбедност чиј домаќин, на предлог на НАТО, би била Македонија. Идејата во Скопје ја презентираше Роберт Сери, тогашен директор на НАТО за операции и управување со кризи. Декларацијата предвидуваше формирање заеднички гранични патроли меѓу Македонија и Албанија и Македонија и Косово, како да се на „една држава“. Бидејќи тимот на Сери не сакаше да ги промени тие предложени точки во завршниот документ за конференцијата, оценивме дека е неможно нејзино одржување.
Тоа беше првиот обид на НАТО за правење „Голема Албанија“, со манипулативни документи. Мислеа дека носејќи го Бранко Црвенковски на власт, во септември 2002, ќе успеат уште не влезен во кабинетот набрзина да го „сматат“ документот. Роберт Сери, уште не прогласени официјално резултатите од изборите на 16-ти Септември во Скопје се сретна со Црвенковски и потоа изјави дека договориле одржување конференција за „интегрално гранично управување“. Ама, новиот премиер беше навреме запознат со претходната оценка за иницијативата и се одржа некаква „квази“ конференција без завршна декларација.
Така што, ова е трет обид на НАТО по 15 години да ја прави Голема Албанија и тоа сега преку „тиранската платформа“ што на Заев му ја поттурија како „кукавичко јајце“ а тој прифати се во неа, дури и она што (не само јас како советник на Георгиевски) туку и еден Црвенковски не му „одработи“ на НАТО пред 15 години.
Значи, нема дилеми кој е „автор“ на „тиранската платформа“….тоа е соросоидното, неолиберално НАТО во кое се уште не се има ефектуирана и вистински одразена промената на власта во Вашингтон, и чиј Генерален секретар си дозволува на Претседател на една држава да му праќа пораки кому да му го даде мандатот за состав на влада. Како впрочем ниту во Брисел, кадешто се уште „пируваат“ соросоидните бирократи Хан, Могерини итн. Промените во ЕУ ќе бидат поочигледни веќе во март по изборите во Холандија и во мај по претседателските во Франција. – вели Гелева[/kopa_block_quote]

Претходно «
Следно »