ЗАЕВ СЕ ГРИЖИ САМО ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ НА СДСМ: Каде беше Заев кога неговите функционери бараа смрт за децата на „вмровците“

  • March 20, 2018

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дек лично ќе ги заштити децата на пратениците, откако групи на граѓани од денот кога беше донесен Законот за употреба на јазиците, 14 март, протестираат пред домовите на дел од пратениците на владејачката СДСМ.

Јавноста веднаш реагираше дека очигледно за Зоран Заев се важни само децата и домовите на пратениците од СДСМ. За нив гарантираше силно полициско обезбедување да ги штити од незадоволството на граѓаните поради гласањето на неуставниот закон за јазици, а во меѓувреме во државата се случуваа насилства по улиците и домовите на граѓани и за тоа никој не се потресува.

Во изминатите два дена додека стотици полицајци чуваат згради и куќи на домови се случуваат напади и закани по животот и имотот на другите граѓани и за тоа нема ниту реакција, ниту откриени сторители.

Прв скандалозен случај кој се случи во изминатите денови е кога до темел изгоре викендицата на претседателот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески, која се наоѓа во месноста Кула во близина на селото Волково. Постои сериозен сомнеж дека пожарот бил подметнат од политички причини. Сомнеж дека пожарот бил подметнат му давало и тоа што во објектот немало ниту струја, ниту други грејни уреди.

Втор случај се отворените закани кои во континуитет се упатувани до Насер Селмани, претседателот на ЗНМ и неговото семејство . Како што потврди лично Селмани, членови на семејството добивале закани по телефон од непознати лица дека цело семејство ќе им биде запалено.

Трет случај е претепувањето на две момчиња во Куманово, од кои едното со тешки телесни повреди е пренесено на клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје. Имено нападот се случил во завчера по полноќ на раскрсницата од улиците „Народна револуција“ и „Илинденска“ пред пицерија. И.Ф. (21) и Н.М. (21), двајцата од Куманово, застанале со патничко возило, а по кратко време им се доближиле две непознати лица и ги нападнале.


Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека ова што се случува во државата со секојдневните насилства, закани и кражби е одговорност на оваа неодговорна власт на Заев и СДСМ. Нивниот индолентен однос кон животите и имотите на граѓаните може да покажува дека со Македонија владее подземјето. Ова подземје власта ниту може, а веројатно ниту сака да го спречи. “Пајаци“ постојано поминуваат не казнето, се амнестираат стотици и илјадници криминалци кои веднаш хараат по улиците, се случуваат насилства меѓу млади, се палат куќи, се ограбуваат аптеки, маркети, менувачници, обложувалници и слично.

Јавноста повикува Зоран Заев и СДСМ да одговорат за ова што се случува со граѓаните, а не само со пратениците на СДСМ,затоа што се создаваат тензии во општеството, зголемен криминал и насилство. Граѓаните со право се прашуваат ако полицијата ги штити само пратениците на СДСМ, тогаш кој ќе ги штити нив, нивните деца и нивните имоти?

Патем навреди до политичари не се ништо ново во Македонија. Сеуште се паметат изјавите на братот на Сашо Ордановски, Ванчо Ордановски кој е нескреин поддржувач на СДСМ и кој на својот твитер профил пишуваше: Да ви ги убијат децата, фамилијата, да ве снема, ѓубриња дегенирани вмровски! Каде се поплави, вулкани и земјотреси кога ни требаат!

Тогаш изостана било каква реакција од Зоран Заев и СДСМ за ваквиот говор на омраза, исто како што не беше реагирано кога во 2016 година се протестираше пред домот на тогашниот премиер Никола Груевски, кога се упатуваа закани и навреди.

Очигледно се работи за двојни стандарди, едни кои важат за пратениците на СДСМ и нивните семејства и други кои важат за сите останати.

Претходно «
Следно »