ЗАЕВ СЕ ИЗДАДЕ: Дали Мијалков е заштитен сведок на СЈО?!

  • November 19, 2018

Во последното интервју на Зоран Заев на телевизија АлсатМ со Васко Попетревски, премиерот најверојатно ненамерно фрли сомнеж врз екс-директорот на УБК Сашо Мијалков дека бил заштитен сведок на СЈО во случаите кои ги води


Непријатно чувство во овој контекст е дека освен тоа што Груевски избега, Мијалков не е приведен и не е притворен. Да не притвора Владата, на предлог на обвинителството, притвора судот, но кога ќе се соберат повеќе информации на едно место, а тоа е дека Катица Јанева на последното свое интервју толку многу внимаваше да не остави впечаток дека Мијалков може да биде приведен што беше повеќе од очигледно. Случајот Таргет-Тврдина во судот се одвива со брзина на желка, споредено со сите други случаи. За да стигнеме еве до таа констатација дека некако господинот Мијалков како да има специјален третман? – гласеше прашањето на Попетревски до Заев.

„Знаете како посебно јас ќе додадам дека некој тоа го поврзува со помирувањето, отворено во парламентот или слично. Ние треба да заборавиме како јавност, односно треба никогаш да не заборавиме, а да престанеме кончено да очекуваме извршната власт, премиерот и високите функционери да бидат одговорни, а со тоа потврдувајќи дека управуваат со правосудните институции. СЈО е независна институција и тоа не е под извршната власт. Судовите Скопје 1, Скопје 2 или било кој суд во Македонија, тие се независна власт и тие треба да си носат одлука онака како што тие законот им пропишува, знаат и умеат. Ние носиме одлуки за нашата власт и во делот на помирувањето кога го спомнав, зборев многу прецизно и јасно, нема тоа да значи мешање во правосудната власт. Јас останувам до крајот на тоа, ние ќе носиме политички одлуки, а не преку мешање во правосудната власт за да воспоставиме помирување во државата. Така да треба да дадат одговори сите институции, од кај да знам јас можеби некој е соработник на правдата. Можеби некој зборува таму и е навлезен во сериозни процеси, ниту е мое да се мешам, ниту треба да се мешам.“ – вели Заев.

Претходно «
Следно »