ЗАЕВ СЕ ИСПАЗАРИ СО АЛИЈАНСА И БЕСА: Заев прифатил дел од барањата на Села и Касами, Тиранската платформа на 99% реализација

  • January 8, 2019
  • Коментари

Премиерот Зоран Заев прифатил дел од барањата на албанскиот блог. Според неофицијалните извори на „Макфакс“, Заев ќе може да смета на гласовите на Алијансата на Албанците во гласањето на финалната фаза за измени на Уставот, откако прифатил дел од нивните барања на попладневната средба. Алијансата ќе ги поддржи уставните измени, откако било договорено во преамбулата да се избрише зборот „граѓани кои живеат во границите“ и се набројуваат сите заедници.

Од Алијансата за Албанците, која има тројца пратеници: Зијадин Села, Весел Мемеди и Сурија Рашиди, поднесоа шест амандмани кои се однесуваат на унапредување на употребата на албанскиот јазик, измени во делот на државјанството т.е. да не стои Македонци, како и барање да се наведе дека државата е мултиетничка, а наместо дијаспора, да се наведат етничките заедници.

Речиси идентични барања имаа и од Беса, односно, измена во преамбулата на Уставот каде македонската и албанската етничка заедница да бидат одвоени и на исто ниво, од другите етнички заедници, официјализирање на албанскиот јазик на цала територија и бришење на условот 20%.

Според неофицијалните информации на „Скопје 1“, Заев прифатил националноста Албанец да влезе во преамбулата на Уставот.

Иако Касами претходно кажа дека нема да уценуваат, сепак, условена беше нивната поддршка и со помош на ова ќе добијат позитивен одговор на барањата.

Претходно «
Следно »