ЗАЕВ СЕ НАЈДЕ НА „НИШАНОТ НА ЛАЗАНСКИ“: Зоран Заев е потпросечен човек, марионета во служба на големоалбанските интереси – следува слобода за терористите од Диво Насеље!

  • November 9, 2017

Доктор Александар Раковиќ, професор на „Институт за новију историју“ во Србија истакнува дека македонскиот премиер Зоран Заев е неозбилен човек со потпросечни квалитети, донесен на власт од Американците за како папагал да повторува тоа што тие ќе му кажат.

-Тој е несериозен човек. Се работи за човек кој има потпросечни квалитети кого го научиле што треба да кажува. Тој само повторува како папагал она што му рекле да го зборува. Тој е под просек во интелектуалниот капацитет. Тоа е и поентата. Кога Американците носат некого на власт, тие обично мерат IQ и го поставуваат оној кој е медиокритет, некој кој може да го исполнува сето она кое тие ќе го побараат од него, а не да им се спротивставува. Тој даде изјава и во Подгорица и кажа дека  “е спремен да се жртвува“. Рече дека се спрема атентат врз него како на Ѓукановиќ и вели дека бил спремен да се стави себе за жртва за Македонија да влезе во НАТО. Јас не сум оптимист, мислам дека Американците ќе ги искористат сите можни механизми да ги притиснат Грците и да успеат во тоа до крај да ги притиснат под БЈРМ ознаката која исто така ќе биде привремена за следниве 20-30-50 години да влезе во НАТО, вели тој.

Раковиќ очекува актуелната влада формирана од СДСМ и ДУИ да донесе амнестија за осудените терористи од Диво насеље.

Претходно «
Следно »