ЗАЕВ СЕ ОБИДЕЛ ДА ГИ ИЗМАМИ АЛБАНЦИТЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ:Странците ја смируваат тензијата во владината коалиција

Поврзано

(Видео) Цело СДСМ на чeлo со Заев и Шекеринска спроведувале рeкeт

Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ денес истакна не изминува ден без нов скандал криминален каде што на виделина...

МВР пронајде пасоши и лични карти, рacчиcтeно кpивичнo дeлo ,,Пoткyп при избори и гласање“

Од страна на Отсекот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи Штип во текот на вчерашниот ден беа...

Ресен е општина со најмногу зaбoлeни од Koвид-19 по глaвa на жител

Ресен изминатиов месец стана град со најмногу Koвид-19 случаи по глава на жител во Македонија. Речиси три месеци немаше ни...

 Од извори на ДУИ, но потврдени и од други партии на Албанците дознаваме дека и покрај цврстите гаранции кои Зоран Заев ги даде на албанските партии дека по формирањето на Владата веднаш ќе се донесе Законот за јазиците во форма во кој што бил ветен, согласно неговиот карактер се обидел да ги измами и да го пролонгира за по локаните избори.

Тоа предизвикало сериозна реакција кај нив, бидејќи процениле дека без тој закон тие тешко ќе можат да очекуваат успех на локалните избори.

Во ДУИ процениле дека нема да можат да го издржат притисокот од БЕСА, но и гласачите. На крајот Али Ахмети силно му се налутил на Заев и му се заканил со рушење на Владата преку барање нејзина доверба или друга форма. Укажал дека тој влегол во ризик со тоа што напуштил коалиција која носеше резултати, работни места, фабрики и дека тоа мора да го компензира сега.  Во ваквата преписка се вклучиле преставници на меѓународната заедница за на време ја смират тензијата и почнале со притисок и на двете страни.

Притисокот кон Ахмети бил во насока дека поголем интерес е да се затворат прашањата со Грција и Бугарија за што им е потребна силна СДСМ и СДСМ која ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори и со тоа ќе предизвика смена на раководството и доаѓање на ново раководство кое ќе влезе во заедничко решавање на името со СДСМ или во најмала рака ќе го одмолчи тоа. На Ахмети му било укажано дека во периодов Заев  веќе има еден голем проблем за решавање и попуштање, а тоа договорот со Бугарија, важен за патот кон ЕУ, и дека двата проблеми ќе му дојдат многу за еден период.

Од друга страна кај Заев настапиле со приказна дека ДУИ е во ,,слободен пад со рејтингот“ и дека ако не се донесе законот ќе загубат од БЕСА на локалните избори, што не го посакуваат бидејќи сметаат дека БЕСА е под делумно влијание на Турција и Ердоган.

На Заев му било посочено дека на Ахмети треба да му се помогне, и дека тој ќе возврати со поддршка во вториот круг на локалните избори особено во Скопје и Куманово.

Актуелно

(Видео) Цело СДСМ на чeлo со Заев и Шекеринска спроведувале рeкeт

Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ денес истакна не изминува ден без нов скандал криминален каде што на виделина...

(Фото+Видео) Целото писмо од Боки 13 испратено од зaтвop – Дpжeн сум по секоја цена во пpитвop, додека вистинските кpиминaлци шepифyвaат и кoмaндувaат

Обид за убиство, шпионажа, противзаконско присвоени предмети при претрес се дел од кривичните дела во пријавите кои ги поднесе Боки 13. Тој од затворската...

Фокусот на идната влада ќе биде во економијата

„Фокусот на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде исклучиво во економијата", нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостувајќи во дебатната емисија на телевизија 24. Мицкоски...

Мицкоски најави: Ќе имаме тело за проверка на реализација на проектите од програмата

Денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски гостуваше во дебатна емисија на телевизија 24 каде што посочи дека по доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт...

Мицкоски: Потребна му е правна сигурност на бизнисот, изминативе триесет години тоа го немаме

„Апсолутно во програмата зборуваме и за нови вработувања. Јас не зборувам за економија која што ќе се темели на популистички интервенционизам, нешто се случуваше...

Повеќе вести