November 1, 2020, 1:19 am

Заев се откажа од Егејците, а сега положува цвеќе на децата жртви на Граѓанската војна во Грција

Поврзано

Повикот на директорот на болницата во Струмица покажа каква е состојбата во Македонија

За тоа каква е состојбата во нашиот здравствен систем јасно покажува денешниот повик на Директорот на Општа Болница Струмица. Станува...

Захариева: Нема да ставиме вeто само ако Македонија ги признае бугарските корени

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева се заkaни дека Бугарија ќе стави вeто за почеток на пристапните преговори...

Каракачанов: Му објаснив лично на Заев, Бугарија нема да прави отcтапки, тоа би било нaционално прeдaвство

Никој во Бугарија нема да нaправи отcтапки и да не ги почитува одлуките на Собранието, потврди во телевизиско интервју...
- Advertisement -

Да се откажеш од македонско малцинство во Грција, а потоа да положиш цвеќе и да држиш говор пред споменик посветен на децата бегалци од Егејска Македонија, тоа го може само премиерот Зоран Заев.

Денеска во паркот „Жена борец“ пред Споменикот посветен на децата бегалци – жртви на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, се одбележува 71 година од завршување на Граѓанската војна, а дел од манифестацијата е и обраќањето на премиерот Заев.

Лицемерие е можеби премногу благ збор да се опише ваквиот однос кон Македонците во Грција кои со децении се угнетувани, асимилирани и на кои им е забрането да си ги бараат основни човекови права, а сега не добиваат помош и од матичната земја која се откажа од нив.

Имено, со Преспанскиот договор кој го донесе владата предводена од СДСМ и премиерот Заев, се донесе одредба дека Македонци во Грција нема и дека таа определба сега е дозволена само за Грците од тој крај, односно во тој договор се се содржи прашањето за македонското малцинство во Грција.

Со Членот 4, став 3 од тој договор Македонија не смее да се меша во заштита на статусот и правата на македонското население од Грција, бидејќи тие не се нејзини граѓани и со тоа се прифати дека истите претставуваат прашање исклучиво на Грција.

Дека тоа е така потврди и потписникот на Преспанскиот договор, министерот Никола Димитров кој на 2 март 2019 во интервју за грчката „Скаи“ за постоењето на македонско малцинство во Грција е посочи дека тоа е грчка внатрешна работа и предмет на грчка дебата.

Истото беше истакнато претходно и со двајцата претставници на грчката страна кои учествуваа во креирање на договорот и негово потпишување, екс премиерот на Грција, Ципрас кој на 12 јуни 2018 година рече дека термините за македонското малцинство се елиминираат, како и потребата за нивна заштита, но и екс МНР на Грција, Коѕијас кој на 22 јуни 2018 година потврди дека Договорот го забранува тоа, односно дека забранета е дискусија за постоење на македонското малцинство во Грција.

Оттука неверојатно е со кој образ се појавува премиерот Заев пред оние од кои и самиот се откажа, а уште поневеројатно е и држењето говор. Тешко е да се разбере тој нечовечки однос кон маката луѓето за кои не сака ни да каже на каков јазик зборуваат, а воедно се откажува од нив дека воопшто постојат и не смеат да го користат правото на самоопределување.

Latest News

Уште една земја најави кapaнтин поради ekcтремно лошата состојба

Португалската влада го најави новото затворање на поголемиот дел од земјата на 4 ноември и ги повика граѓаните да...

(Видео) Среде Скопје журkа, ечи, Спасовски и Филипче спијат

На социјалните мрежи вечерва се споделуваат видеа од ноќен клуб каде вечерва ечи познатата песна „жена од султана“, а внатре се одржува забава. На видеото...

Ердоган вети нова куќа за секој чиј дом беше yништeн во зeмjoтресот

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вети дека ќе биде изградена нова куќа, што е можно поскоро, за секој граѓанин чиј дом беше yништeн во...

(Фото)Ова не е новото амбулантно возило, ова се чевлите од 900 евра на Зорица Заева и Бентлито и Мајбахот на Заеви

Зоран Заев е на власт и државни позиции цели 18 години. Апослутно владее во Македонија цели 4 години. Ако Македонија има џeлaт тоа е...

Вечерва погледнете го небото, се случува редок феномен

Небото во ноќта од 31 октомври спрема 1 ноември ќе биде осветлено со „сината месечина“, односно втора полна месечина во период од 30 дена....

More Articles Like This