ЗАЕВ СЕ ОТКАЖУВА ОД ЖЕРНОВСКИ: Членството на СДСМ поделено-Заев со сака Богдановиќ, членовите Kуновска

Поврзано

Без вода неколку скопски улици

Без вода денеска ќе останат дел од корисниците од втора зона (околу 50 куќи) на улица „Христо Татарчев“ поради...

Дождот во Чаир ги поплави улиците, граѓаните извадија трски за pиболов

Силен ветер и дожд вчера попладне ја зафати територијата на Скопје, при што настанаа и проблеми на одредени делови...

Советничката група во Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесе пријава до антикорупциска против Шилегов

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесе пријава до Државната комисија за спречување на корупција за спорните одлуки на...

Поделеност во Социјалдемократскиот сојуз за тоа кој ќе биде кандидат за градоначалник на општина Центар на претстојните локални избори. Според информациите до кои дојде „Дневник“, на едната страна на приказната се наоѓа актуелниот градоначалник Андреј Жерновски, кој најверојатно ќе истрча како независен кандидат. До ваква одлука, како што тврдат извори за „Дневник“, дошло поради тоа што Жерновски не покажал лојалност кон раководството на СДСМ изминатите 4 години, па ја изгубил поддршката од Зоран Заев. На другата страна, пак, во игра се две имиња: Саша Богдановиќ, директорот на „Паркинзи на општина Центар“, и Софија Kуновска, поранешната пратеничка и претседателка на скопскиот разгранок на СДСМ.

centar-360x203

Имено, членството што во чекор го следи актуелниот лидер Заев својата поддршка за кандидат за иден градоначалник на Центар веројатно ќе му ја довери на Богдановиќ, кој важи за човек од доверба на лидерот на партијата. Другите, пак, кои не се сложуваат со политиките на лидерот и се реално исклучени од опкружувањето на Заев откако тој дојде на чело на партијата, за предводник на Центар ќе ја поддржат Kуновска. Таа е меѓу оние што отворено ја критикуваат политиката на актуелното партиско раководство. Нејзиниот револт на адреса на Заев за време на партискиот конгрес кога се креираа кандидатските листи за пратеници ги фрли во сенка листите и ги преполни медиумите. Истиот ден Kуновска си поднесе оставка од претседателската функција на скопскиот партиски разгранок на СДСМ, револтирана што Заев на пратеничката кандидатска листа ~ даде предност на Лилјана Поповска од ДОМ, долгогодишен коалиционен партнер во власта предводена од Никола Груевски.

Жерновски има искуство, ама Kуновска е жена и може да направи повеќе

Врз основа на информациите со кои располагавме, „Дневник“ спроведе мини-анкета меѓу жителите на општина Центар за тоа кој би бил нивниот избор – Андреј Жерновски, Софија Kуновска или Саша Богдановиќ.

Голем дел од граѓаните, особено младите, одбија директно да кажат за кого од тројцата би гласале, посебно што во оваа листа нема кандидати од други партии, пред с` од ВМРО-ДПМНЕ. Некои не сакаа да кажат ништо, едноставно, велејќи дека не сакаат да зборуваат за политика. Сепак, од одговорите може да се заклучи оти Жерновски е во блага предност, но само заради тоа што веќе има искуство на градоначалничката функција. Блиску до него, според нашата анкета, е Kуновска за која граѓаните веруваат дека како жена може да стори многу повеќе и заслужува шанса. Најмалку гласови во овој наш разговор со граѓаните, за кој не претендираме дека е вистински репер за расположението на жителите, би добил Богдановиќ.

Анкетираните граѓани – главно пензионери, првин си ги кажаа маките за она што моментно најмногу ги загрижува – загадувањето. Но, истовремено му забележуваат на Жерновски оти не нашол решение за густиот сообраќај и градежните активности со кои и онака слабото зеленило се уништува.

„Со години ветуваше училиште, а почна да го гради сега пред избори“

 

Актуелно

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Василево

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите на Василево. Неговото обраќање...

(Видео) Шекеринска e поголем лaжгo од Зоран Заев

Денес на Јутуб беше објавено видео кое ги демантира сите обвинувања на Радмила Шекеринска кон Инфомакс за ширење на наводни лажни вести. Имено на...

Се намалува бројката, 78 нови зapaзени од Koвид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на позитивни на Ковид-19. Во истиот период се починати пет...

(Видео) Шекеринска и Јанева во домот на Боки 13, сепак не се познавале само од телевизија

На мрежата Јутуб се појави видео на кое што се гледа вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска во друштво на Катица Јанева и...

(Видео)Техничкиот министер за земјоделство качен на коњ вршеше проверка на шумскиот фонд

Ден со Цветан Трипуновски, во инспекција низ Огражден, проверка на шумскиот фонд и лов на потенцијална дрвосеча. https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/745665222864670/

Повеќе вести